Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје
Магазин

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

18/07/2025

AA

Основниот кривичен суд – Скопје денеска донесе пресуда за тројца од вкупно четворицата обвинети во случајот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. На првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, државјанин на Бразил, Судот ѝ изрече казна затвор во времетраење од пет години и шест месеци, додека на третообвинетиот Сабедин Демири и четвртоосомничениот Немања Михајловски, државјани на Македонија, им беше изречена алтернативна пресуда, односно една година затвор и една година и шест месеци доколку сторат кривично дело во следните три години. Судот на денешното рочиште донесе решение да се одвои постапката за второобвинетиот Маан Махмалад, државјанин на Македонија, бидејќи само тој не призна вина од четворицата обвинети. 

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавната обвинителка Сузана Мирчевска – Крстевска посочи дека тројца од обвинетите сториле кривични дела „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, додека четвртообвинетиот Михајловски само кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. 

Како што образложи Мирчевска – Крстевска, во временскиот период од декември 2023 година до декември 2024 година, од користољубие со умисла првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене и второобвинетиот Маан Махмалад синхронизирано преземале дејствија, организирајќи го во целост сместувањето и животот на девојките од Бразил кои се занимавале со проституција. Во период од скоро една година, тие заради вршење на проституција во земјава прифатиле пет Бразилки од 26 до 38 години кои ги сместувале во претходно изнајмени станови во Скопје, во комплексот „Џевахир Холдинг“. Девојките биле сместени во два стана каде давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа.

Обвинителката додаде дека за Бразилките биле креирани профили каде биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги, како и фотографии со експлицитна содржина. За првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене,  рече дека ги контролирала профилите, контактирала со потенцијалните клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, како и го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги. Како што наведе Мирчевска – Крстевска, за овој ангажман првообвинетата добивала 30 отсто од заработувачката на девојката.

За третообвинетиот Демири, обвинителката нагласи дека вршејќи ја својата професија на таксист бил во контакт со девојките од Бразил и ги превезувал секогаш кога им е потребно, како и им помагал при сместувањето, додека истите меѓусебно го предавале неговиот телефонски број како контакт на лице таксист во кој имаат доверба.

– Покрај овие дејствија како таксист и како пријател со девојките на кој им помагал, тој вршел и дејствија – Перење пари, со оглед дека истиот несомнено бил запознаен како биле заработени тие пари, преку брз трансфер на пари за потребите на девојките испраќал парични средства на лица кои што му биле посочувани од страна на девојките. Во еден наврат има испратено парични средства и на првообвинетата во Португалија, со цел при испраќањето да не фигурираат податоци на гостинските испраќачи на пари, со што ќе се прикрие изворот на тие парични средства, односно казнивото дело со кое ги стекнувале тие парични средства, посочи обвинителката.

За четвртообвинетиот Михајловски, таа нагласи дека бил непосредно запознаен со начинот на којшто биле стекнувани паричните средства од страна на девојката која пружала сексуални услуги и таквите средства ги конвертирал во крипто валути, вршел трансакции со крипто валутите, како и на една од Бразилките ѝ отворил паричник за крипто валути.

– Обвинетиот Немања е млад човек, но исто така на возраст која треба да значи созреаност и одговорност за сопствените постапки. Бил должен и свесен дека тоа што го прави претставува перење пари. Го знаел непосредно изворот на тие пари и ги користел криптовалутите, сметајќи дека тие се во сивата зона на платниот промет, рече обвинителката. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
Македонија

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален

28/07/2026
Македонија

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026
Македонија

По загадувањето на водата, ризик од хепатитис и жолтица: Гостивар

28/07/2026
Македонија

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44719
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците бараат лични податоци

28/07/2026

МВР упатува предупредување до граѓаните за нова форма на интернет измама преку лажни пораки поврзани со системот „Безбеден град“. Од

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела во поле, завршила во болница

28/07/2026

Несекојдневен случај во велешко – 61-годишна жена била касната од опасниот пајак црна вдовица додека работела земјоделски работи во поле

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули – најмногу за породилни отсуства

28/07/2026

Фондот за здравствено осигурување заклучно со 28 јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци за боледување, при што најголемиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy