
Песков: Состанокот Путин-Зеленски е можен само доколку се постигне договор
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да се сретнат доколку делегациите постигнат одредени договори во преговорите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Таков состанок, како резултат на работата на делегациите на двете страни, по постигнување одредени договори меѓу овие делегации, е можна. Ние го сметаме тоа можно“, рече тој, пренесе ТАСС.
Песков рече дека двете земји се согласиле да разменат списоци со услови за прекин на огнот и дека работата на тоа е во тек.