
Пепе стана најстар стрелец во историјата на Лигата на шампионите
Неговиот Порто славеше со 2-0 на домашен терен, а вториот гол беше дело токму на искусниот стопер. Со 40 години 254 дена, тој стана најстар стрелец во усторијата на елитното натпреварување и прв кој постигнал гол во петтата деценија од животот.
Досегашен рекордер беше Франческо Тоти кој против ЦСКА Москва во 2014, се запиша во листата на стрелците со 38 години и 59 дена. Зад него се Рајан Гигс, Филипо Инзаги, Хавиер Занети, Лука Модриќ и Един Џеко, сите на 37-годишна возраст.
