Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИОНЕРИТЕ ФИНАНСИСКИ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА И ОБРАТНО: Многу граѓани тешко успеваат да бидат целосно независни
Економија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ФИНАНСИСКИ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА И ОБРАТНО: Многу граѓани тешко успеваат да бидат целосно независни

14/08/2023

AA

Во време кога
пензионерите бараат покачување на пензиите и протестираат за таа цел, прашавме
некои од нив како опстануваат. Дел од нив велат дека помагаат на своите деца
кои немаат стабилни и добри примања, но има и обратни случаи, кога децата
финансиски помагаат на своите родители пензионери затоа што малите пензии не им
стигаат.

Многу пензионери
велат дека добар дел од пензијата ја трошат за лекови. Според нив, со овие
пензии нема комфорен живот.

„Мојот сопруг со
35 години стаж, зема пензија од 10.000 денари. Тој е болен и јас не сум добра,
така што не ни стигнуваат тие пари за лекови. Скоро 6.000 денари даваме за
лекови, а поскапите не ги ни купуваме. Децата си имаат свои семејства, обврски.
Треба на сите пензионери да им се зголемат пензиите“, вели Филонка Анчевска,
граѓанка.

Пензионерите не
сакаат да бидат на товар на децата, но се принудени.

„Мене 40-50 отсто
од пензијата ми оди за лекови. Ми помага син ми. Многу е тешко и за зимно
време. Ми купија 6 кубици дрва, ние сме стари и ни треба греење, не можеме да
седиме во студени простории“, рече Анастасија Маневска, пензионерка.

Друг пензионер
вели дека тој помага на своите деца.

„Јас имам скоро
40 години стаж, а пензијата не е ни 20.000 денари. Смешно е покачувањето од 6
отсто. Јас како пензионер им помагам на децата, а другите пензионери немаат
ниту за себе“, објаснува Стојан Кузмановски, пензионер.

Оние кои допрва
ќе го остварат правото на пензија, се свесни дека ќе мораат да живеат со ниска
пензија како и повеќето пензионери.

„Мојот сопруг
треба да земе пензија, но со 15 години стаж, знаеме дека пензиите се мали. Оние
кои имаат, даваат на децата, а оние кои немаат, мораат да бидат на грбот на
децата, тие да ги издржуваат. Не е добро ниту за млади, ниту за стари, ниту за
вработени, ниту за пензионери, затоа што знаеме дека и платите се мали“, додава
друга граѓанка.

Социологот Марија
Дракуловска Чукалевска вели дека луѓето се трудат да ја одржуваат таа семејна
кохезија и помошта не е само финанисиска, туку и емотивна. Додава дека во
земјава има граѓани кои не можат самостојно да си го организираат животот.

„Не треба да
генерализираме, но сепак ситуацијата во нашата држава е таква, ние не можеме од
тоа да избегаме, иако јас знам во моето опкружување постари луѓе кои не им
помагаат на своите деца, затоа што тие се самостојни, имаат добри примања, а
пензионерите сакаат квалитетен живот во трето доба. За разлика од развиените
земји, каде детето после 18 години се осамостојува, овде на таа возраст младиот
човек може да се осамостои, но можно е и понатаму да му треба поддршка, а таа
поддршка не е само финансиска, туку и емотивна. Постои таа емпатија, семејна
солидарност. Постарите помагаат и во смисла на чување на внуци, одржување на
домот, кратат од своето време, од квалитетот на живот“, рече Дракуловска Чукалевска.

Пензионерите ширум земјава за неделава најавија
протести. Бараат покачување на
минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување
на сите пензии. Во земјава има повеќе од 330.000 пензионери. Од нив над 94.000 месецот го поминуваат со нешто помалку од 14.000 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
Македонија

Перински: Опозицијата го кочи Законот за локална самоуправа и референдумски

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43745
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена, a добил упатен акт за

13/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврди дека се соочува со правна и политичка неправда откако добил упатен акт за

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат сметки!

13/06/2026

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

13/06/2026

На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy