Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ НИ ЗА ОСНОВНИ ПОТРЕБИ: Разликата меѓу највисоките и најниските пензии значително зголемена
Економија

ПЕНЗИИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ НИ ЗА ОСНОВНИ ПОТРЕБИ: Разликата меѓу највисоките и најниските пензии значително зголемена

15/08/2023

AA

Фактот дека најголем дел од пензионерите земаат мали пензии, со кои одвај успеваат да ги покријат основните трошоци е доволна причина да се смета за оправдана сегашната реакција и протестите кои ги огранизираат пензионерите деновиве и со кои бараат линеарно зголемвуање на пензиите. 

Поранешниот претседател на Сојзуот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски за Фактор потенцира дека голем дел од пензионерите се на работ на егзистенцијата и дека е несватливо што претседателката на сојузот, но и владините претставници се оградуваат од проблемот, а со него се засегнати голем број граѓани. 

– Фактите говорат дека имаме 170 илјади пензионери кои добиваат од 12 до 15 илјади денари месечен надоместок или пензија. Потоа од 15 до 22 илјади денари добиваат 70 илјади пензионери. Сите тие се на работ на егзистенцијата. Надлежните треба да сватат дека ако сакаме во Европска унија мора да се подобрат животните услови, не може со сиромашни граѓани во ЕУ. Сите гледаме дека пензионерите се револтирани од односот на владините претставници. Пензиите ќе се зголемат за 6 проценти, додека пак, функцонерските плати се зголемија за 78 отсто – укажува Драги Аргировски.

Тој дополнува оти пензионерите се чувствуваат изиграно, како од нивната лидерка, така и од владините претставници, и укажува дека инфлацијата значително го намали нивниот животен стандард, поради што пензинерите ставени во видно неповолна позиција биле приморани да излезат на протести. 

– Пензионерите со големи пензии се привилегирани во нашата земја. Ако направиме споредба во минатото, ќе видиме дека никогаш немало волку големи разлики во пензиите. Имено, порано соодносот меѓу најниската и највисоката пензија беше 1 спрема 3. Но, денес јазот меѓу пензиите достигнува 1 спрема 6,5. Порано се водеше сметка сметка сите да се згрижени, денеска веќе се внимава само на одредени категории. Иако сме со устав социјална држава, во пракса тоа не е применливо. Многу луѓе немаат за основен живот, имаат мизерни пензии, а меѓу причините за малите пензии е и фактот што голем дел не можат да си го докажат поминатиот стаж – укажуа Аргировски. 

Во текот на вчерашниот ден, пензионерите проестира во Скопје, при што пристигнуваа пензионери од цела земја. Тие бараат усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18.000 денари, и укинување на Сојузот на здруженија на пензионери. 

Истакнаа дека Сојузот не ги застапува интересите на пензионерите и затоа побараа да се укине членарината од 30 денари и средствата за солидарен погреб од 150 денари месечно наместо во Сојузот да се плаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

Побараа и двојно да се зголеми надоместокот за туѓа нега, да се зголеми надоместокот за социјална помош на лица кои останале без работа се до остварување на правото на пензија, поведување иницијатива за промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и утврдување на најниска пензија согласно просечната плата и животните трошоци. Покрај тоа, побараа на позитивна листа да се внесат лековите за срцевите болни, за дјабетичарите и за ретки болести. 

– Министерката нека види и нека чуе дека овие луѓе не се дојдени бидејќи им е убаво, туку дека им е лошо. Вие министерке сте дојдена овде да се грижите за пензионерите. Вам не ви е лошо со плата зголемена за 78 отсто. И се разбира ситиот не му верува на гладниот. Пензионери не можеа да дојдат овде бидејќи немаат пари. Министерке, засукајте ги ракавите и работете и изработете го она што ние го бараме – рече Драган Угриновски член на Иницијативниот одбор.
Во земјава има 336.000 пензионери, а според организаторите на протестот, за секој од нив се потребни 42.000 денари на годишно ниво за линеарно покачување на пензиите. 

По средбата со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, беше соопштено дека ќе се разгледаат нивните барања, но таа истакна дека линеарното зголемување не е праведно и е против уставно. 

– Некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години…Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија. Како ќе го затвориме тој круг – рече Тренчевска. 


П.О.


Фото: Вангел Тануровски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45647
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ ОД МОСТ Полицијата ѝ

17/09/2026

Скопската полиција ја откри и ја казни жената која денеска беше снимена како фрла ѓубре од мост директно во  Лепенец,

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше

17/09/2026

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА ДОНЕСАМ В ПОНЕДЕЛНИК“ Газда Деко

17/09/2026

Сопственикот на кабарето „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, не им ја дал на увид лиценцата за работа на полициските службеници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy