Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, До Хоанг Лонг
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, До Хоанг Лонг

21/11/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на До Хоанг Лонг, новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам во Република Северна Македонија.

Во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски, посакувајќи срдечно добредојде во нашата земја на виетнамскиот амбасадор, рече дека двете далечни земји ги поврзува долгогодишно пријателство, а во колективната меморија на нашите пријателски народи длабоко е врежано вреднувањето на мирот и стабилноста, како клучни предуслови за развој. Тој истакна дека Северна Македонија и Виетнам даваат поддршка и свој придонес во меѓународната заедница, за промовирање на регионалниот и глобалниот мир и стабилност. Претседателот оцени дека постои огромен неискористен потенцијал и заемен интерес за унапредување на соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам, До Хоанг Лонг во своето обраќање истакна дека ќе направи се што може за да придонесе за пријателството и плодната соработка меѓу двете земји и изрази очекување за поддршка и помош од нашите институции.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот До Хоанг Лонг му посака успех и среќа во извршувањето на неговата ценета и одговорна мисија и изрази уверување дека во вршењето на неговите дипломатски должности ќе ја ужива нашата целосна поддршка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44781
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти во Кичево

31/07/2026

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти, по

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година, поддржани од зголемена комерцијална

31/07/2026

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026

Полицијата презема интензивни мерки за откривање на сторителот откако на гробиштата кај црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец биле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy