Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава
Македонија

Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава

11/10/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, во која порачува дека „за да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација, мора да ја градиме Северна Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин“.

Слободата и правдата, посочува претседателот, се идеали што ја придвижуваат човековата историја. Понесени од овие идеали, на 11 октомври 1941 година, 16 млади борци од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ги нападнаа симболите на фашистичката окупаторска власт и го означија почетокот на македонската народноослободителна и антифашистичка борба.

-Со овој чин, македонскиот народ и македонските граѓани станаа дел од големата антихитлеровска коалиција. Слободољубивите мажи и жени од сите етнички, верски, социјални и идеолошки позадини се обединија во широк народноослободителен фронт во кој се бореа и изборија за слободна македонска држава во свет ослободен од злото на фашизмот. Носители на таа праведна борба беа младите луѓе. Од првите партизански одреди, па сè до државотворниот АСНОМ, младите споделуваа специфична визија за општото добро што ја вградија во темелите на државата. Тие сонуваа за слободно, праведно и солидарно општество во коешто секој негов член ќе има достоинствен живот, наведува шефот на државата.

За да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација, стои во честитката, ние мора да ја градиме Северна Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин. Фокусирани на општото добро и на јавниот интерес ќе создадеме услови за нашите млади да останат во својата татковина и тука да се вклучат во битките за напредок на секое поле на животот. Нека ни е честит и вековит празникот!, истакнува претседателот Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy