Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инститира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ
Македонија

Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инститира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ

11/09/2023

AA

Во изминатите три години имаме сериозен дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во Европската Унија и надминување на билатералните спорови, бидејќи билатералниот спор со Бугарија за жал ја покри целокупната традиционална агенда за пристапување, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ по состанокот во рамки на процесот Брдо-Бриони.

Пендаровски одговори на новинарско прашање во врска со тоа дали во однос на државите од Западен Балкан е поважно да ги решат чисто билатералните спорови, отколку да ги исполнат критериумите за членство содржани во поглавјата.

Пендаровски посочи дека во однос на Северна Македонија јасно е дека постои прилично голем дисбаланс во тој сооднос.

-Нам ни е јасно дека ’97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател истакна дека се важни и критериумите и решавањето на споровите и додаде дека тоа се процеси, кои се одвиваат паралелно.

-Важно е и едното и другото, постојат отворени прашања, особено меѓу Србија и Косово, кои меѓусебно не се признаваат. Тоа се процеси, што се одвиваат паралелно и истовремено и ќе повторам уште еднаш сметам дека овој вид на дијалог е вреден и дека е најлошо кога ќе стивнат телефонските линии. Тоа е смрт за дијалогот, за комуникацијата, за меѓусебното разбирање, па и недоразбирање. Еден од најважните моменти во скорешното минато е поврзан со идентитетот и самопочита на државите во овој простор, а тоа е кога Украина доби кандидатски статус пред БиХ, тоа беше необјасниво, но ете се случи, рече Милановиќ.

Словенечката претседателка истакна дека е недвосмислено оти решавањето на билатералните спорови е во интерес на ЕУ, на пристапувањето во Унијата, но секако и во интерес на државите кои сакаат да станат членки.

Пирц – Мусар напомена дека сепак таа не е приврзаник на одолговлекување на процесот за влез во ЕУ поради билатерални проблеми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy