Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пекабеско донираше медицинска опрема на Детската клиника
Македонија

Пекабеско донираше медицинска опрема на Детската клиника

09/01/2025

AA

Пекабеско донираше еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

„Ова не е прва донација која Пекабеско ја прави во здравството. Како општествено одговорна компанија донираме во континуитет и тоа секогаш кога е неопходно со цел да ја покажеме нашата поддршка кон докторите и медицинскиот персонал. Оваа година Пекабеско слави значаен јубилеј – 45 години од постоењето и под мотото ’децата се нашето најголемо богатство‘ одлучивме финансиските средства кои беа планирани за организирање на прослава да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Во соработка со Министерството за здравство и Детската клиника беа одредени приоритетните медицински апарати и сум посебно горд што за еден месец беше реализирана целокупната донација и веќе овие медицински апарати се на услуги на сите на кои им се неопходни.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

Покрај донациите во здравството, за постојаната поддршка на Црвениот Крст на Пекабеско му беше доделено признанието „Сребрен поддржувач“, а компанијата високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари покажувајќи постојана грижа за заедницата. За таа цел, компанијата гради бројни партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и други хуманистички активности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
Македонија

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член

18/02/2026
Македонија

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме

18/02/2026
Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш

18/02/2026
Македонија

Роботи, одела, детектори, камери, рендген апарати: САД донираше опрема од

18/02/2026
Македонија

СЕ КРЧКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО? Денеска се одржала

18/02/2026
Македонија

Јаневска не се откажува од предлог-законот за високо образование, вели

18/02/2026
Македонија

Првичен дијалог за повисоки плати во здравството: ФЗО и синдикатите

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41631
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е правилникот на Владата, вели Митева

18/02/2026

СДСМ се служи со манипулации и невистини во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член ја поддржаа 63 пратеници

18/02/2026

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат

18/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината. 

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy