Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“
Економија

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

28/06/2024

AA

Сопственичката на најпрофилираната агенција за односи со јавност „Имиџ ПР“, Ангелка Пеева Лауренчиќ, во поткастот „Бизнис Муабети“ со колегата Мишко Иванов, зборува за почетоците на нејзината кариера , како и за почетоците на самата агенција пред 22 години. Веќе се изгубивме во овие дигитални и недигитални платформи и треба да се вратиме кон основите, вели ПР-експертот. Просечно еден граѓанин дневно добива по 35.000 „информации“ и тоа е премногу, според специјалистот за креирање на добар имиџ.

– „Мобимак“ и „Пивара Скопје“ беа првите компании кои ги користеа нашите услуги преку поставени стратешки програми и за едната и за другата компанија, имајќи во предвид дека „Пивара“ имаше домашен визионерски настроен менаџмент но и две корпорации зад нив – Кока Кола и Хајнекен, а „Мобимак“ беше во сопственост на Дојче Телеком и им беше јасно за што станува збор, вели Пеева Лауренчиќ.

ПР-агенции зад себе немаат само познатите фудбалери, туку и самите влади, државите, па и глобалната политика има партнер кој работи на нивниот имиџ. Според менаџерката, компаниите и другите клиенти мора трпеливо да ги чекаат резултатите од ПР-агенциите и да бидат конзистентни во односите со нив.

– На почетокот на 90-тите години го видовме маркетингот и првите кампањи за наши производи и имав среќа да бидам вклучена во политичките кампањи а подоцна во бренд кампањи. Тогаш видов дека на компаниите им недостига нешто помеѓу самите нив и класичното огласување, а кое ќе доведе до подобро усогласување со нејзините значајни јавности – вработени, акционери, институции, бизнис заедница, потенцијални потрошувачки, постоечки потрошувачи, експерти, амбасади – постојат многу јавности кои што се значајни. Нашата работа е да ги поставиме стратешки и да ја поставиме основната траекторија по која ќе се движи компанијата, објаснува поранешната пратеничка.

Со својата работа со „Имиџ ПР“ започнала во 2002, пред 22 години, во станот во кој што живее.

– Општата јавност и лаиците сметаат дека ПР-от е само односи со медиумите. Тие се само една гранка од оваа широка професија, затоа што успехот или неуспехот на една компанија не зависи само од медиумите.Значи, се работи за повеќе јавности. Односите со јавност не се само да пиете кафе со 20-тина новинари. Тоа го разбраа компаниите и сега самите не покануваат да соработуваме, но на почетокот тоа беа само интернационални корпорации. На нашите им беше потребно време да ги видат бенефитите, објаснува Пеева Лауренчиќ.

Најтешкиот дел од ПР-от е кога ќе се појави некаква криза и несреќна околност поврзана со компанијата-клиент и тогаш, како што вели Пеева Лауренчиќ, треба брзо да се реагира во тој „златен час“, односно во првите 60 минути.

– Пожар смрт на работно место, штрајкови, напад на работа, излевање на нафта во море и вие морате да ја водите комуникацијата. Во првите 60 минути треба да ја преземете комуникацијата,кога веста е лоша. Премолчување не смее да има. Вие сте тие што ја преземате одговорноста. ПР-от го брани образот, а образот нема цена. Репутацијата се гради со години, а може да пропадне за една минута, вели таа.

Пеева Лауренчиќ ја разјаснува и границата помеѓу пропаганда и односи со јавност, каде грешат политичарите кога ги користат услугите на ПР-агенциите, зборува и за нејзиниот сопруг и легендарниот режисер и маркетинг експерт Иво Лауренчиќ, но и како ја започнала својата кариера.

– Првата маркетинг кампања ја работев во 1994 за претседателските избори на Киро Глигоров и „Сојузот за Македонија“. Слоганот се викаше „Градиме куќа за сите нас“ и тоа беше исклучително моќна кампања. Тогаш немаше компјутери. Се работеше на „Мекинтош“ и рачно се црташе. Спотовите се снимаа на филмски ленти. Но тогаш имаше некој ред, политичката елита знаеше што сака да пренесе во јавноста. Сега овој мултиканален пристап со што повеќе комуникациски средства ги збунува гласачите, вели пеева Лауренчиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО

23/10/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за

23/10/2026
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46343
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец

23/10/2026

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за сите градови во Македонија

23/10/2026

Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 22 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО Честитка од Мицкоски за 23

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба со видеопорака насловена „Небото свети Македонија“, во која со дронови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy