Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈПДП: Исплатен ни е првиот трансфер за изградбата на коридорите, во следниот период подготвителни работи
Македонија

ЈПДП: Исплатен ни е првиот трансфер за изградбата на коридорите, во следниот период подготвителни работи

29/04/2023

AA

Јавно претпријатие за државни патишта информира дека согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра.

Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите:

• Делница 1 – автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 километри.

• Делница 2 – автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 километри.

• Делница 3 – автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 километри.

• Делница 4 – автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 километри.

Во следниот период, ќе се реализираат и подготвителните работи како што се снимањето на локации, подготовката на урбанистичките проекти, на основните проекти, чија цел е да започнат и постапките за експропријација и проектирање.

Како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежнте работи на сите овие патни правци треба требало да завршат за период од 57 месеци.

Коридорите 8 и 10-д се најголемиот стратешки инфраструктурен проект од национален интерес за државата.

Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно. Со нивната изградбата се отвораат нови 8.000 работни места, а проценката е дека ќе имаме раст на БДП за 2 % годишно во наредните 5 години.

Со изградбата на овие автопати, конечно, се завршува мрежата на патните европски коридори – 8 и 10-д низ Република Северна Македонија.

Заради габаритот на целокупниот проект поврзан со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, но и во интерес на јавноста, ЈПДП за целото ова време беше максимално транспарентно и го стави на увид на јавноста секој сегмент од спроведување на законските обврски, протоколи и сите други неопходни пропцедури. Поддршката од пошироката јавност за овој историски проект е од исклучителна важност. Затоа, ЈПДП и понатаму детално, навремено и транспарентно ќе ја информира јаноста за сите фази и детали околу изградбата на најзначајниот инфраструктурен проект во нашата земја.

Со почит,

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy