Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пари за набавка на „Трикафта“ има само за 15 пациенти
Македонија

Пари за набавка на „Трикафта“ има само за 15 пациенти

14/02/2024

AA

Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра за набавка на „Трикафта“, што е доволно за само 15 пациенти со цистична фиброза, иако има меѓу 130 и 140 пациенти, забележуваат ревизорите во извештајот за финансиското работење на Клиниката за 2022-ра година. Од ДЗР укажале дека е потребно Клиниката, во соработка со Фондот и ресорното министерство, да обезбедат средства за терапија за сите пациенти за кои има докази дека ги исполнуваат медицинските критериуми.

„Не навлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број пациенти на кои им се дава терапијата , доведува до ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапија“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Од Министерството за здравство велат дека не постои субјективен избор на пациенти кои ќе се лекуваат со „Трикафта“. Листата е направена од работна група во Министерството за здравство, по медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање. Досега 28 пациенти го примиле лекот и тие етапно се вклучуваат на терапија.

„На 24 ноември 2023 година владата на република северна Македонија одобри 854 милиони денари (13 милиони 800 илјади евра) за набавка на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза за следните две години. Ова се дополнителни финансиски средства на веќе одобрените од министерството за здравство“ велат од ресорното министерство.

Лекот „Трикафта“ за првпат во земјава беше набавен на почетокот на 2022 годината со условен буџет од фондот за здравство за третман на осум пациенти. По една година вклучени беа уште четворица. Во меѓувреме, обезбеди се и други средства за да се продолжи третманот на овие 12 пациенти и да се почне лекување кај 39 нови пациенти.

Андријана Ѓурческа

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy