Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под истрага за злоупотреби
Македонија

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под истрага за злоупотреби

19/02/2026

AA

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица од Штип, меѓу кои и поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама.

Како што соопшти СВР Штип, пријавени се Ј.В. (83), В.Џ. (80) и Т.А. (68), сите од Штип, за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. Четвртопријавената З.С. (44) од Штип се товари за продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Според истрагата, во периодот од септември 2012 до октомври 2024 година, тројцата пријавени како претседатели на здружението ги префрлале дневниците што ги заработувала секретарката З.С. на сметка на нејзината мајка, со цел таа да не го изгуби правото на социјален, детски и образовен додаток.

Понатаму, З.С. со лажно прикажување факти го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека постои долг кон нејзината мајка, по што во име на здружението бил склучен договор за отстапување побарување. По смртта на мајка ѝ, таа склучила ист договор и со својата ќерка.

Истрагата утврдила и други неправилности. Првопријавениот и второпријавената исплаќале надоместоци за седници што не биле одржани, како и еднократна финансиска помош на лица кои немале право на тоа.

Третопријавениот, пак, склучил договор за закуп на станбен простор додека огласот сѐ уште бил во тек, без да ги разгледа сите пристигнати понуди. Во повеќе наврати си префрлал пари од службената на личната сметка и извршил исплата на правно лице за наводни угостителски услуги.

Со овие дејствија, првите тројца осомничени го оштетиле буџетот на здружението за 297.730 денари, додека четвртопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 88.234 денари.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маж измамен за над четири илјади евра: Му ветувале социјална

19/02/2026
Македонија

Скопјанец пијан се степал пред маркет во Ѓорче Петров, а

19/02/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин

19/02/2026
Македонија

ДОЈДОВТЕ СО АВИОНЧЕТО НА БРАЌАТА РАЈТ? Ми се смеат колегите

19/02/2026
Македонија

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026
Македонија

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна

19/02/2026
Македонија

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под

19/02/2026
Македонија

Циклон носи дожд и снег: На планините се очекуваат нови

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41657
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маж измамен за над четири илјади евра: Му ветувале социјална помош и стан!

19/02/2026

На 18.02.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р.

Скопјанец пијан се степал пред маркет во Ѓорче Петров, а потоа насилно ја внел екс

19/02/2026

На 18.02.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин

19/02/2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Кочани порача дека дигиталната трансформација мора да се спроведува рамномерно и да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy