Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пари и натаму се слеваат на сметката на „Бехтел и Енка“ додека се бараат работници и се подготвуваат кампови
Економија

Пари и натаму се слеваат на сметката на „Бехтел и Енка“ додека се бараат работници и се подготвуваат кампови

17/08/2023

AA

Додека конзорциумот „Бехтел и Енка“ бара работници и распишува повици за изградба на кампови, пари од државниот буџет и натаму се слеваат на сметката на изведувачот на проектот за изградба на четирите автопати на коридорите 8 и 10д. 

Според информациите на „Фактор“, минатата недела Министерството за транспорт и врски на јавното претпријатие му префрлило уште 210 милиони денари, или нешто помалку од 3,5 милиони евра, пари за работењето на „Бехтел и Енка“. Ова е четврта трансакција за потребите на проектот и досега веќе се „испорачани“ безмалку 180 милиони евра за американско-турската градежна компанија.

Проектот на векот, како што беше наречена изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, вчера во Гостивар организираше „Саем за вработување“, а неколку дена претходно проструи информација дека за потребите на проектот ќе се гради голем работен камп за вработените.

Неофицијално, градежните работи треба да започнат во септември Доколку има доволно кандидати, тогаш нема да има потреба да се бараат работници од странство. Во спротивно, недостигот ќе се пополнува со странска работна сила. Инаку, првиот камп за работниците треба да биде лоциран на излезот од Гостивар кон Кичево, од левата страна покрај Вардар. Наскоро ќе има повик и за изградба на вториот камп кој ќе биде за потребите на делницата од Прилеп до Битола, но тој ќе биде двојно помал од гостиварскиот.

Изградбата на кампот кај Гостивар, практично стана актуелна откако компанијата „Брако“ соопшти дека дала понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација итн., како и транспорт на добрата до локација.

Кампот ќе се протега на површина од над 300 илјади метри квадратни и неговата изградба треба да почне во септември, откако Општина Гостивар треба да ги даде потребните дозволи и откако ќе се решат имотно-правните работи. Изградбата на кампот се очекува да трае неколку месеци. Практично тоа ќе биде „град во мало“ со сите неопходни објекти за сместување и одмор на ангажираните работници.

Саемот за вработување пак се одржа вчера во Агенцијата за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови. На „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили, беше соопштено од компанијата.

– Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави првиот вицепремиер Артан Груби по посетата на саемот во Гостивар.

Директорот на проектот Џошуа Бејкер не псоочи прецизни бројки и рокови, ниту пак изнесе конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот.

– Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy