Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пандев: Македонскиот фудбал со ова раководство на ФФМ е на лош пат
Македонија

Пандев: Македонскиот фудбал со ова раководство на ФФМ е на лош пат

14/02/2023

AA

Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев повторно изнесе остри критики на адреса на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), истакнувајќи оти на раководните места седат луѓе кои се грижат само за личните интереси.

Пандев, кој важи за критичар на актуелното раководство предводено од претседателот Муамед Сејдини, рече дека нема лични амбиции да застане на чело на ФФМ, туку „ќе продолжи да се бори на нивно место да дојдат вистински луѓе“.


-Жал ми е да кажам, но сè се врати на старо. Во Фудбалската федерација на Македонија работат луѓе кои не ги интересира фудбалот. Отидовме на Европско првенство, а ништо не искористивме од маркетинг, спонзори … Кај нас се случува екипите да откажат учество во лигата една недела пред почеток на сезоната. Тоа навистина е срамота. Луѓе само ги гледаат личните интереси. Жал ми е и се надевам дека нема повторно да чекаме 30 години да се пласираме на некое натпреварување, но мислам дека сме на лош пат со овие луѓе. Не е проблем А репрезентацијата, колку што се проблем младите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат, изјави Пандев во интервју за „Моцарт“.

Тој вели дека нема амбиција да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.


-Немам амбиција да бидам претседател на Федерацијата. Но сакам нашиот фудбал да се спаси од овие актуелни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. Имам јас и свој клуб во Македонија, изградив и спортски центар, сакам да инвестирам сопствени средства и да им помагам на младите категории. Но кога работиш со вакви луѓе, мораш да се свртиш на страна. Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но кај нас политика навлезе премногу, додаде Пандев, кој за македонската репрезентација одигра рекордни 122 натпревари и со 38 голови е најдобар стрелец во историјата.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
Македонија

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи,

25/01/2026
Македонија

Едно лице загина во Скопје, двајца тешко повредени во Кочани

25/01/2026
Македонија

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Влажни коловози и апел за внимателно

25/01/2026
Македонија

Денеска Тоше ќе полнеше 45 години: Сестра му Дора со

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и непристрасно, вели Тошковски

25/01/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на финалната проверка на новиот паметен систем за автоматска детекција на брзината

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг – ќерката удрила со дрво,

25/01/2026

Бизарен инцидент го наруши мирот на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров. Вчера напладне (24 јануари), она што требаше да

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади од 1-ви февруари „солените“ казни

25/01/2026

Системот „Безбеден град“, кој веќе го дисциплинираше сообраќајот во Скопје, од денеска се тестира и во други градови. МВР најави

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy