
ПАДНА ДИЛЕР ВО БИТОЛА: 29-годишник криел марихуана во визба, заработи 30 дена притвор
Криминалистичката полиција при СВР Битола поднесе кривична пријава против 29-годишен битолчанец, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории била пронајдена дрога наменета за продажба. На осомничениот веќе му е одредена мерка притвор зад решетки.
Пријавениот Л.Б. се товари за сериозно кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Според информациите од полицијата, тој имал разработена шема за дистрибуција:
Акцијата за негово апсење се реализирала викендов.
По поднесувањето на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Битола, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
