Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НЕМА ДА ЧЕКААТ ЗА ЛЕКОВИ Министерството за здравство наеднаш ќе набавува количини за 3 години
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НЕМА ДА ЧЕКААТ ЗА ЛЕКОВИ Министерството за здравство наеднаш ќе набавува количини за 3 години

28/02/2026

AA

Сменета е процедурата како да се стигне до лековите за пациентите со ретка болест, рече министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

– За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете, секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или, за жал, чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза – кажа Алиу.

Тој појасни дека вториот момент е што е тешко да се направи точна анализа за бројот на пациенти кои ќе ги бидат опслужени во текот на целата година, земајќи го во предвид моментот дека пациентите се млади, а лекарствата се поврзуваат со тежината на пациентот.

– За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за 3 години. Во случај ако се трошат повеќе од количините кои ќе ги имаме како држава, ние ќе имаме време да отвориме друга постапка, а со цел да граѓаните да ги добиваат тие лекарства навреме. Ако се гледа на ниво на годината, тендерската постапка ќе биде за 3 години, односно ќе се користат толку количини за колку имаме потреба во државата. Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и Министерството за здравство нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за овие лекарства – потенцираше Алиу.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг

28/02/2026
Македонија

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на

28/02/2026
Македонија

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

28/02/2026
Македонија

Пронајдена марихуана, пиштол и куршуми – приведени три лица

28/02/2026
Македонија

СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ

28/02/2026
Македонија

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел

28/02/2026
Македонија

Девет македонски државјани побарале евакуација од Израел – МНР со

28/02/2026
Македонија

Личните предмети на загинатите и повредените во „Пулс“ ќе се

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42067
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг на министерката Весна Јаневска

28/02/2026

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на Блискиот Исток

28/02/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, во рамки

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

28/02/2026

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина професорот и хирург Владо Јаневски, истакнат медицински стручњак и сопруг на министерката за образование

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy