Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова се зетот и невестата за Галичката свадба 2025!
Македонија

Ова се зетот и невестата за Галичката свадба 2025!

02/05/2025

AA

Месната заедница Галичник ги објави овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025 – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска!

„Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи.

Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата.

Зетот и Невестата – Симбол на Љубовта и Традицијата!

Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма. Зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост.

Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник.

Манукот ја носи гордоста на претците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник.

Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее.

Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“, велат од таму

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
Македонија

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на

13/02/2026
Македонија

Украл картичка на сограѓанин од Кочани, па си вадел пари!

13/02/2026
Македонија

БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41436
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026

По воведувањето на измените во Законот за данок на додадена вредност (ДДВ), „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека се соочува

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на интеграциите, му посочил Мицкоски на

13/02/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy