Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ОД ПИСМОТО ШТО ГО ДОБИ КУРТИ ОД МАКРОН, ШОЛЦ И МЕЛОНИ: Косовскиот премиер утре се среќава со Вучиќ
Регион

ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ОД ПИСМОТО ШТО ГО ДОБИ КУРТИ ОД МАКРОН, ШОЛЦ И МЕЛОНИ: Косовскиот премиер утре се среќава со Вучиќ

26/02/2023

AA

Косовскиот
премиер Албин Курти денеска прими заедничко писмо од францускиот претседател
Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа
Мелони по повод утрешната средба во Брисел. Нова.рс ја доби целосната содржина
на писмото упатено до Курти.

Во писмото се
наведува дека Макрон, Шолц и Мелони ги поздравуваат неодамнешните изјави на
Курти дека е подготвен да го прифати европскиот предлог.

„Имајќи ја
предвид вашата претстојна средба во рамките на дијалогот во Брисел на 27 февруари,
ви се обраќаме за да можеме заедно да ја разгледаме состојбата на договорот за
нови основи на односите меѓу Косово и Србија. Ги поздравуваме вашите
неодамнешни јавни изјави со кои се потврдува дека сте подготвени да го
прифатите европскиот предлог за Основен договор“, се вели во писмото на
тројката испратено до Курти.

Притоа, тие рекоа
дека сметаат дека сега е од големо значење да се одреди патот напред со цел да
се склучи договорот и да се обезбеди негова имплементација.

„Со заклучоците
од 9 февруари, Европскиот совет ја изрази својата поддршка за овој важен
договор и во исто време ги повика Србија и Косово да ги спроведат сите обврски
преземени во дијалогот, вклучително и оние поврзани со формирањето на
Заедницата на српските општини“, се наведува во писмото.

Наведоа дека сите
чекори треба да се спроведат без одлагање и дека се радуваат на дијалог на
високо ниво на 27 февруари.

„Очекуваме дека
ќе се залагате за конструктивно и брзо склучување на договорот. Убедени сме
дека тоа е од клучно значење за општата благосостојба на вашите граѓани, за
мирот и просперитетот на регионот и за подобрување на европската перспектива на
вашата земја“, се заклучува во писмото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45442
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село Огут и српско Калово

03/09/2026

По повод Денот на независноста, 8 Септември, жителите од пограничните региони на Македонија и Србија повторно ќе можат традиционално да

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра, одбраната тврди дека остануваат „само“

03/09/2026

Во текот на денешното рочиште во предметот против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во фокусот беа финансиските средства на судијата, неговата

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13, Ѓаволот, Цандо, Беџети, Азманов, Јахоски

03/09/2026

Во продолжението на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинителството презентираше податоци извлечени од неговиот мобилен телефон, користен во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy