Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА Е СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФИТИ, КОЈ И ЗОШТО ДОЈДЕ НА ВРВОТ – Фактор анализа за најдобитните 20 котирани друштва
Економија

ОВА Е СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФИТИ, КОЈ И ЗОШТО ДОЈДЕ НА ВРВОТ – Фактор анализа за најдобитните 20 котирани друштва

13/11/2024

AA

Котираните акционерски друштва на Македонската берза ги објавија своите
деветмесечни биланси на успех, од кои се гледа како тие работеле од почетокот
на годината па досега, но кога Берзата ќе ги објави резултатите на едно место,
добиваме секогаш појасно слика како изгледа најмоќниот дел од македонската
економија. Се разбира, ќе повториме, тоа важи само за фирмите кои работат на
принципот на акционерски друштва кои котираат на Македонската берза, што, пак,
ги обврзува да работатт потранспарентно од другите и да ги објавуваат постојано
своите бројки, без разлика дали се тие секогаш добри или помалку добри, но
затоа, пак, имаат бројни предности од аспект на инвеститорите и можноста многу
полесно да се прибира капитал за своето работење.

Како што веќе многу пати пишувавме, рекордер по профит за првите три
квартали од годинава е Комерцијална банка, која кога го објави својот биланс ги
изненади сите берзански и економски играчи, па дури на шега би рекле и самата
себе, со фантастичниот профит од 72 милиони евра за првите три квартали.
Нејзиниот профит е зголемен за дури 45,11 отсто во однос на истиот период од
минатата година, што е раст за близу половина од вредноста, а што е и повеќе од
одлично за секогаш добро профитабилните банки.

Другите две од големата банкарска тројка се исто така фасцинантни во своите
профити, но за овој изминат период толку звучно можеби не се пишуваше за нив,
бидејќи славбата им ја зеде на некој начин претходно споменатата банка. На
втората позиција во банкарскиот дел, а и воопшто во котираните компании, е
Стопанска банка Скопје, со 45,4 милиони евра профит за девет месеци, а што е
раст за 12,54 отсто, додека, пак, на третата позиција многу блиску зад неа е
НЛБ Банка, со профит од 44,2 милиони евра и со раст од 11,55 отсто во однос на
истиот период од минатата година.

Само треба да напоменеме и дека во делот на котираните банки со одличен
резултат може да се пофали УНИБанка, чии профит е 5,47 милиони евра, со раст од
0,5 проценти, а која е инаку десетта по профит во рамките на сите 89 реално
котирани акционерски друштва.

Сите седум котирани банки, пак заедно, односно претходно споменативе заедно
со ТТК банка, Стопанска Битола и ЦКБ банка, имаат вкупен профит од 169,4
милиони евра, што е раст за 25,6 отсто во однос на истиот период од минатата
година.

На четврто место од компаниите е онаа од делот на услугите, „Македонски
телеком“, со вкупен профит за девет месеци од 26,61 милиони евра, што е речиси
на иста позиција според профитабилнсота како и ланскиот исти период.

Македонската индустрија го носи петтото место по профитабилност, односно
скопската Цементарница УСЈЕ, со одлична нето добивка од 25 милиони евра, а
дополнително позитивно е што кај оваа компанија има раст на профитабилноста за
дури 40 проценти во однос на истиот период лани.

Вкупно 35 компании од индустријата имаат профит од 45 милиони евра за девет
месеци, прикажувајќи одлично групно зголемување за 53 отсто во однос на истиот
период лани.

Одличното шесто место е резервирано за фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, со
чист профит од 22,5 милиони евра, и со одличен раст од близу 7 отсто во однос
на истиот период лани.

Нафтениот гигант „Макпетрол“, од делот трговија со нафта, е на седма
позиција, со профит од 13,1 милиони евра, а што е пораст за одлични 18 отсто во
однос на истиот период лани.

Мермерен комбинат Прилеп, како припадник на индустријата, има профит од
11,6 милиони евра, со раст од близу 24 отсто, и е на осма позиција во
рангирањето според профитабилност.

А, дека и од трговија може многу добро да се живее покажа „Скопски пазар“,
компанија која за првите девет месеци од годинава оствари профит од 5,72
милиони евра. Ова АД, кое според профит го освои деветтото место, има
дополнителни причини за славење и поради фактот што кај него има огромен раст
на добивката, за дури 347 проценти во однос на истиот период од претходната
година. Оваа компанија практично го врати стариот сјај и успеа да се вброи во
врвот на профитабилните македонски бизнис репрезенти.

На десетто место, како што и погоре напишавме, е уште една банка, односно
УНИ Банка, со профит од 5,47 милиони евра.

Сега да одиме со ред во втората десетка. На 11 место е „Макстил“ со профит
од 3,48 милиони евра, кој е од делот на индустријата, одлично покажува од
ударот што лани им го нанесе солидарниот данок, а забележа раст на добивката од
25 проценти.

На 12 позиција дојде Винарската визба Тиквеш, со профит од 3,35 милиони
евра, и пораст од над 13 проценти. Компамијата крал на македонските вина, а
позната и во регионот и светотѕ, нема зошто да не бележи одлични профити.

Следуваат на 13 место ОИЛКО со профит од 3,16 милиони евра, како и една
земјоделска компанија, Оранжерии Хамзали, со профит од 2,97 милиони евра, која
го зазеде 14 место.

На 15 позиција се најде Прилепска пиварница, со профит од 2,75 милиони евра, а на 16 место е Македонија турист, со добивка од 2,6 милиони евра.

Потоа, на 17 место е градежниот гигант Гранит, со профит од 2,29 милиони евра, па на 18 е Пекабеско со 2,28 милиони евра,  на 19 е Реплек со 2,2 милиони евра, на 20 е Окта со 2,13 милиони евра и 21 е Фершпед со 1,64 милиони евра.
Н.Н.Ф.
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ЗА УТРЕ: Високи температури низ цела Македонија

26/08/2026
Македонија

Пожар во котлара на хотел во Лагадин – огнот го

26/08/2026
Македонија

Клековски: 53 случаи на Западнонилска треска – 25 излекувани

26/08/2026
Македонија

Ослободителна пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир“: Апелација ја

26/08/2026
Македонија

Скопје–Блаце како нова врска со регионот: „Ќе донесе развој и

26/08/2026
Македонија

Сончево и топло, но попладне следува пресврт: Невреме со дожд,

26/08/2026
Македонија

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба

26/08/2026
Македонија

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45264
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕТЕОАЛАРМ ЗА УТРЕ: Високи температури низ цела Македонија

26/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за четврток, 27 август 2026 година, поради појава на високи температури на територијата на

Пожар во котлара на хотел во Лагадин – огнот го изгаснал хаусмајсторот, пожарникарите стигнале со

26/08/2026

Пожар избувнал во текот на вчерашната вечер во котларата на хотелот „Вила Бисера“ во охридската населба Лагадин. Огнот бил локализиран

Клековски: 53 случаи на Западнонилска треска – 25 излекувани

26/08/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше за актуелната состојба со пациентите кои се лекуваат од нервноинвазивна форма на заболувањето, при

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy