Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворено писмо на „Сакам да работам“ до македонските политичари: Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија!
Македонија

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до македонските политичари: Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија!

13/08/2025

AA

Искрено жалиме што надлежните институции остануваат глуви на нашите добронамерни апели. Доставувањето на предизборен Закон за игри на среќа до пратениците во Собранието, само три дена после распишувањето на локалните избори, ги потврдува нашите грижи. Игрите на среќа се омилена предизборна тема преку која одредени етнички партии се обидуваат да освојуваат нови гласови. Уште повеќе што македонските политичари засега се пасивен набљудувач на процесот со кој десет илјади ваши сограѓани ќе останат без работа. Со право си ја поставуваме дилемата дали и вие сметате дека ние сме мафијаши, дека игрите на среќа сеат зло, дека работиме во коцкарски картели, па затоа стравувате да не браните?

Затоа, со ова отворено писмо, ќе се обидеме сликовито да ви објасниме што преживуваат десет илјади вработени со своите семејства чекајќи да се усвои новиот предизборен Закон за игри на среќа, кој повторно содржи и противуставни одредби. Само, за разлика од предизборниот популизам на коалициите ВРЕДИ и Европски Фронт и другите дежурни критичари кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се реални животни драми.

Вака изгледаат сведоштвата на вработените во секторот игри на среќа:

„Се вработувате во компанија на која од владата и е издадена лиценца за приредување игри на среќа. Фирма со странски капитал, бренд познат во светски рамки. Тоа ви влева самодоверба дека сте добиле сигурна работа. Во ова време на економски потреси тоа е реткост. Посетувате платена обука, стекнувате високи професионални вештини. Почнувате да работите, добивате редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени, бидејќи работното време е 24/7. Стекнувате финансиска сигурност. Склучувате брак, ви се раѓаат деца, решавате да подигнете кредит за да купите стан, автомобил, бидејќи сте со стабилни, редовни приходи и сте во можност да ги плаќате ратите.

Се приближуваат локални избори. Владата која издала лиценца за работа, предлага нов закон кој во две фази треба да стави клуч на легалните објекти за игри на среќа. Носители на високи функции велат дека сте општествено зло, ве нарекуваат мафија, картели, објавуваат офанзиви против секторот во кој работите. Како родител на малолетно дете не можете да прифатите дека се води безобзирна црна кампања за гласови во која не се избираат средства да ве оцрнат како криминалци. Почнува да ве фаќа несоница од помислата дека останувате без работа. Нема да можете да ги плаќате кредитните рати, ве обзема страв дека ќе си имате работа со извршители. Немате избор, почнувате да барате контакти во странство за да дознаете какви можности имате да работите таму. Пишувате биографија и ја испраќате. Со работното искуство во игрите на среќа можете веднаш да најдете работа во западните земји, во ЕУ. Со тешко срце почнувате да го подготвувате семејството за иселување од Македонија.“

Почитувани,

Свесни сме дека за два месеци ќе се одржат локални избори и затоа сите политички фактори калкулираат со потенцијалните гласови. Сепак, ниту една политичка битка не може да биде поважна од реалните човечки судбини. Веројатно, заради тоа што со години се води црна кампања против игрите на среќа, стравувате дека секое застанување во наша одбрана можеби ќе ви направи политички зијан. Не е така! Зошто кога се оди на туристички патувања во Лас Вегас, Монако, Лондон, Париз, Берлин, Малме е модерно да се фотографирате во тамошните казина? Зошто во Македонија е ерес да има легални игри на среќа?

Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија! Како што тргнала работава, на крај ќе нема кој да гласа на избори!

Здружение на вработени во сектор игри на среќа

Сакам да работам

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy