Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Отворен Балкан“ ги отворa границите за работниците од Северна Македонија, Србија и Албанија
Македонија

„Отворен Балкан“ ги отворa границите за работниците од Северна Македонија, Србија и Албанија

14/02/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија го поздравува усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан на вчерашната собраниска седница.

Со ратификувањето на овие договори, поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.


Дополнително олеснување ќе се обезбеди и со договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Огромните придобивки од овие договори е што се отстрануваат бариерите за вработување, а државјаните ќе може да работат во сите држави со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури.


Граѓаните ќе можат да добијат „Отворен Балкан“ број за идентификација на нивниот национален портал за е- Влада или на нивниот национален портал за електронска идентификација.

Единствениот број за идентификација е електронска идентификација со којашто се добива пристап до електронските услуги во државата каде што лицето го добило бројот.


Со добивањето на потврда за „Отворен Балкан“ број за идентификација се добива слободен пристап до пазарот на труд.

„Отворен Балкан“ број за идентификација станува и основ за добивање единствен матичен број за странец, со што нема веќе процедури за дозволи за престој.

Со ратификувањето на договорите се засилува конкурентноста во регионот, бидејќи компаниите ќе може да сметаат на работната сила на трите држави непречено, што ќе влијае и на конкурентноста на пазарот на трудот и растот на платите.

Со тоа излегуваме во пресрет и на компаниите и стопанските комори од трите држави, кои очекуваа брзо спроведување на оваа мерка со која се либерализира регионалниот пазар на трудот.

Станува збор за огромна помош и олеснување за фирмите кои имаат свои претставништва во Северна Македонија, Србија и Албанија со цел полесно отворање на нови работни места и полесно да ангажираат работни кадри и за нив да обезбедуваат добри плати и добри услови за работа.

Станува збор за регионална конкурентност на пазарот на трудот која со сигурност ќе придонесе кон покачување на платите.

Договорите од иницијативата „Отворен Балкан“ беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од страна на претставниците на трите земји, Република Северна Македонија, Србија и Албанија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy