Откриени детали: Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук
Актерот Џереми Ренер се обидувал да спречи машина за чистење снег да удри во внук му, но тој самиот настрадал од машината, која се залетала кон него и го згмечила, дознава британски Би-би-си.
Според полицискиот извештај, Џереми, ѕвездата на „Марвел“, го користел својот плуг PistenBully, тежок шест тони, за да му помогне на Александар Фрис да го исчисти снегот од својот автомобил
Но, големото возило почнало да се тркала по ридот, се наведува во извештајот на одделот на шерифот на округот Вашо.
Ренер во несреќата добил повреди на торзото, лицето, екстремитетите и на главата.
Актерот оттогаш закрепнува во болница.
Ренер претходно изјави дека во инцидентот скршил повеќе од 30 коски, но нагласи дека тие ќе зајакнат исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите.
Несреќата се случи околу Нова година, во близина на автопатот Маунт Роуз, кој ги поврзува езерото Тахо и јужниот Рено, на границата меѓу Невада и Калифорнија.