Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал!
Македонија

Откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал!

13/01/2024

AA

19-годишниот Милан Муковски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, ноќеска загинал во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци.

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски истакна дека забавниот дел од вечерашниот концерт е откажан.

„Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел е откажан. Мислам дека нема да има учесници“, вели Кочовски.

Со Кочовски беше и Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која истакна дека општината не ја препознава во вакво светло.

Таа изрази сочувство до семејството на експратеникот Крсто Муковски, загина во сообраќајна несреќа.

„Не го препознавам Вевчани вакво. Навистина ми е жал за трагичниот настан. Би сакала да изразам сочувство до фамилијата. Јас за жал знам како изгледа таа болка. Дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Знам дека ситуацијата е неизвесна. Она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случува. Од наредна година, традицијата ќе продолжи понатаму“, рече Костадиновска Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи: Обвинителството

13/07/2026
Македонија

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

13/07/2026
Македонија

СВР Охрид и полицијата од Поградец со заеднички патроли против

13/07/2026
Македонија

Лина Ѓорческа напредуваше за 14 места на ВТА-листата по успехот

13/07/2026
Македонија

Џуљиан Шабани е избран за заменик-директор на МРТ

13/07/2026
Македонија

Девет пријави за семејно насилство за едно деноноќие – седум

13/07/2026
Македонија

Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње – пронајдена

13/07/2026
Македонија

Обвинителите бараат реакција од Уставниот суд: Намалувањето на платите ја

13/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44360
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи: Обвинителството и СВР Куманово итно постапуваат

13/07/2026

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат интензивни мерки за расчистување на нов случај на врсничко насилство, откако денеска на

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

13/07/2026

Голем дефект на водоводниот цевковод на улицата „Леце Котески“ утрово предизвика поплавување на дворот и дел од објектите на Територијалната

СВР Охрид и полицијата од Поградец со заеднички патроли против шумски пожари

13/07/2026

Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy