Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откако жител на Мала Речица се заканувал со масовно убиство: Претрес кај потесното семејство, пронајдено оружје, уапсен 89-годишник!
Македонија

Откако жител на Мала Речица се заканувал со масовно убиство: Претрес кај потесното семејство, пронајдено оружје, уапсен 89-годишник!

20/02/2026

AA

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам  до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад , му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.02.2026 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам со асистенција од САЕ Тигар и во координација со OJO ГОКК, извршија претреси во дом и други простории на локација во Мала Речица, тетовско.

За време на претресите кај К.Х. и кај членови на неговото потесно семејство пронајдени и одземени се повеќе предмети кои се предмет на кривично дело и тоа: различен вид и калибар на огнено оружје,  автоматска пушка АК-47 со две рамки со 40 куршуми 7.62х39мм, пиштол „М57“ со две рамки со 49 куршуми, пиштол „CHEROKEE“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми 9мм, тактички елеци, борбени елеци (панцир), ножеви со различна должина на сечиво и разни електронски доказни материјали. Две лица се лишени од слобода и притоа против К.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2  од КЗ, а против Џ.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување  со оружје и експлозивни материи“ по член 396 од КЗ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЧАНТАТА НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ И

20/02/2026
Македонија

Трамп рекол дека срамна била одлуката на Врховниот суд!

20/02/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава

20/02/2026
Македонија

СДСМ со извинување до Орце Ѓорѓиевски: И ние и граѓаните

20/02/2026
Македонија

Откако жител на Мала Речица се заканувал со масовно убиство:

20/02/2026
Македонија

Јаневска: Само „академски“ аргументи ќе го кројат новиот закон –

20/02/2026
Македонија

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ПО УГЛЕДОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ!? Жител од Мала

20/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничката болница Битола –

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41722
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЧАНТАТА НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ И ЗГРАДИТЕ ВО ДУБАИ И ВО

20/02/2026

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски побара јавно извинување од СДСМ во рок од 24 часа, во врска со лажната вест

Трамп рекол дека срамна била одлуката на Врховниот суд!

20/02/2026

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на одлуката на Врховниот суд да ги укине неговите царини. Тој оваа одлука ја нарече

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава за екс-директорка на битолската болница

20/02/2026

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy