Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСВЕН ШЕСТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ОД МИЈАЛКОВ, ДРУГОТО ЗАСЕГА Е „НА СИТНО“ – Агенцијата за конфискација продава запленет автобус со стартна цена од 18 илјади евра
Економија

ОСВЕН ШЕСТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ОД МИЈАЛКОВ, ДРУГОТО ЗАСЕГА Е „НА СИТНО“ – Агенцијата за конфискација продава запленет автобус со стартна цена од 18 илјади евра

10/02/2023

AA

Освен шесте милиони евра
кои ги искешира од Мијалков и кои ги уплати во буџетот на државата, Агенцијата
за управување со одземен имот, во другиот дел од времето работи „на ситно“
продавајќи одреден движен имот запленет од криминални активности, но за кој се
добиваат мали пари.

Ако пред извесен период продаваше
кварцен камен, сега Агенцијата продава тетовски автобус, со почетна цена од 18
илјади евра, за што е распишан оглас, во кој повторно не се наведува кому му
припаѓал автобусот, и поради какви криминални дејанија е одземен од сопственикот.
 

Огласот беше распишан пред
неколку дена и во него беше наведено дека станува збор за продажба на одземен
подвижен имот – моторно возило, по пат на електронско јавно наддавање.

Станува збор за прво
електртонско јавно наддавање за овој одземен автобус, а од она што го наведува
Агенцијата, се работи за автобус NEOPLAN P 21, кој во моментов се наоѓа во тетовското депо
на Агенцијата за управување со одземен имот.

Во огласот не е наведена
силата на моторот и зафатнината, а единствениот податок што е даден е дека тој
е произведен во 2008 година.

Наведено е дека неговата
почетна цена е 1.097.800 денари или изразено во евра тоа е близу 18 илјади
евра.  

Сите што сакаат да
учествуваат на електронското јавно наддавање, треба да ја достават потребната
документација најдоцна до 13 февруари, што значи дека имаат на располагање уште
неколку дена. За вчера, пак, беше најавено разгледување на возилото во
магацинот во Тетово.

Она што е правило и што
важеше за сите претходни аукции, е дека сите кои ќе сакаат да учествуваат на
аукцијата, ќе мора да депонираат и сума од 10 отсто од утврдената почетна цена
на автобусот или 1,8 илјади евра, која, доколку не победат на наддавањето, ќе
им биде вратена.

Оној што ќе го купи
возилото, особено доколку тоа е фирма, покрај тоа што ќе плати ДДВ, ќе треба да
плати и царински давачки, откако ќе се спроведе царинската постапка, и ќе треба
автобусот да си го преземе веднаш. Сите трошоци за преземањето
на возилото од плацот, ќе треба да бидат платени од купувачот.

На ова јавно наддавање ќе можат
да учествуваат сите, освен осуденото лице или она против кое се водела
кривичната или прекршпочната постапка, како и вработени во Агенцијата за
управување со одземен имот.

За победник на јавното
наддавање кој ќе го купи автобусот ќе се смета оној кој ќе даде највисока цена
што ја дал последен на јавното наддавање.

Агенцијата за управување со
одземен имот пред околу еден месец продаваше и кварцен камен од општина Ранковце, по почетна цена од 25 илјади
евра.

Засега не се знае дали имало
доволно заинтересирани, кој се се пријавил и дали наддавањето било успешно, но
и доколку било, која цена ја платил евентуалниот заинтересиран купувач.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, на 17 ноември Агенција за управување со одземен имот на Министерството за финансии во буџетот му префрлила 6,14 милиони евра. Тогаш објавивме дека Агенцијата за конфискација за прв пат во
историјата откако е основана префрла во буџетот вака голема сума на пари.
Досега, запленетиот имот главно се состоел во автомобили кои понатаму се
распределувале на државните органи, или пак се одземале недвижнини со
комплицирана понатамошната постапка за продажба по судски пат.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон
Асани, тогаш
за Фактор изјави дека
овие пари се одземени од поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков
и понатаму со нив ќе располага државата.

– Тоа е „сува“ пара од случаите со Сашо Мијалков и најдобриот
резултат досега на агенцијата, не само јас откако сум директор, туку воопшто
откако е основана. Можам да најавам само дека и во наредниот период ќе
следуваат огласи на кои ќе биде објавуван одземен имот за продажба по претходна
проценка на неговата вредност од Бирото за судски вештачења и дека очекувам
нови приливи на финансиски средства, ни одговори Асани.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45297
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026

На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy