Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осудени лица се пожалиле дека затворски полицајци ги уценуваат, извршен вонреден надзор
Магазин

Осудени лица се пожалиле дека затворски полицајци ги уценуваат, извршен вонреден надзор

25/09/2023

AA

Управата за извршување на санкции на минатата недела изврши вонреден наздор во КПД „Идризово“ со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени.

Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2.000 евра  ветувајќи им  дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. 

Вкупната сума од 4.000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ,,Сити мол”.

Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов.

Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Во однос на  осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy