Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осомничениот за убиство на македонскиот државјанин во Сончев Брег останува во притвор
Магазин

Осомничениот за убиство на македонскиот државјанин во Сончев Брег останува во притвор

29/04/2023

AA

Софија – Окружниот суд во Бургас денеска му одреди притвор на 14-годишниот М.А., кој е обвинет за убиство на 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, јави Бугарското национално радио. 

Бугарското Јавно обвинителство го товари малолетникот дека делото убиство го сторил со умисла, додека пак според неговиот адвокат, се работи за самоодбрана. 

На денешното судско рочиште Обвинителство достави и пријава од полицијата во Несебар дека против осомничениот се води истрага и за друго кривично дело.

– Станува збор за лице веќе познато на полицијата, кое на 5 февруари годинава бил спречен во обидот за ограбување на украински државјанин во Сончев Брег, кого го нападнал со цевка. Ова не му е прв обид да нападне некого, изјави обвинителот Иван Кирков. 

Според него, постојат докази кои укажуваат дека осомничениот го извршил убиството со умисла. Кирков истакна дека малолетникот откако ја удрил жртвата, без да провери дали македонскиот државјанин е жив, го покрил со „остатоци од душеци и неколку даски“ и си заминал.

Обвинителот посочи и дека има докази оти од жртвата биле одземени пари, кои осомничениот ги искористил за да врати позајмица земена од заложна куќа во Сончев Брег.

На распитот мајката на осомничениот изјави дека во неговата чанта пронашла 1.400 лева, за кои тој и рекол дека му ги дал „пијан турист зад некој ресторан“. Ваквиот исказ го потврди и братот на осомничениот малолетник.

Неговиот адвокат, Радостин Пенев, пак, побара осомничениот да биде ослободен од притвор, наведувајќи дека тој соработувал со полицијата, како и дека „убиството било извршено во самоодбрана“. 

– Замислете 14-годишно дете кое било цел на 50-годишен маж, кој три часа го напивал со алкохол, со три литри пиво. Потоа го однел во шума, му понудил 50 лева и се обидел да го силува. Педесетгодишниот маж го удрил мојот клиент по глава кога се обидел да побегне, изјави адвокатот.

Пенев рече и дека нема докази оти осомничениот се обидел да го сокрие телото, додавајќи дека тоа можело да го направи и некој друг. 

– Телото е откриено неколку дена подоцна, а во околината се движат нарко зависници, додаде адвокатот. 

Пред Судот, осомничениот малолетник изјави дека му е жал за стореното.

Осомничениот М.А. од Несебар беше приведен вчера под сомнеж за убиство на македонскиот државјанин И.Н. (49) во Сончев Брег. Телото на жртвата било откриено во четвртокот во шумски реон до местото Бачата. При увидот е утврдено дека жртвата која со стап била претепана до смрт, е 49-годишен македонски државјанин, кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава.

Случајот со пронајденото тело на македонскиот државјанин вчера го потврди и МНР, посочувајќи дека нашата Амбасада продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со настанот и за текот на постапката за негово целосно расчистување.

– Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, наведоа од МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy