Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Во 2023 година докажавме дека можеме да се носиме со најсериозните светски предизвици – во 2024 година посветено продолжуваме кон ЕУ
Македонија

Османи: Во 2023 година докажавме дека можеме да се носиме со најсериозните светски предизвици – во 2024 година посветено продолжуваме кон ЕУ

30/12/2023

AA

Северна Македонија направи силен пробив на светската политичка сцена во 2023 година, а нашиот глас беше слушнат од Ванкувер до Владивосток. Оваа позиција можеме да продолжиме да ја градиме и во новата 2024 година со заедничка истрајност, единство и посветеност на напредокот.
Ова го истакна министерот за надворешни работи и Претседавач со најголемата светска регионална безбедносна организација ОБСЕ, Бујар Османи во своето новогодишно обраќање до граѓаните.

„Под наше раководство, со јасна визија и многу посветеност, успеавме да ја зачуваме ОБСЕ во исклучително сложен услови и војна во регионот на организација. Ова не беше само триумф за Северна Македонија, ова беше победа на разумот и важен момент за стабилноста на целиот регион“, вели Османи во обраќањето.

Успехот за Северна Македонија од Претседавањето со ОБСЕ, според Османи, е заслуга на сите граѓани на државата кои демонстрираа единство и докажаа дека иако сме мала земја може да се носиме и со најсериозните предизвици.

„Позицијата на Северна Македонија во светот се зајакна, а нашата посветеност на меѓународната соработка нè донесе поблиску до сојузниците кои ја споделуваат нашата визија за подобар свет“, вели Османи.

Во следната година останува предизвикот на усвојување на уставните измени и одлучно продолжување на патот кон Европската Унија, уште еден храбар чекор кој треба да ја обликува нашата иднина, вели Османи. Министерот за надворешни упати и порака до опозицијата која го блокира последниот процес на овој пат – уставните измени.

„Денес, Северна Македонија е поблиску до Европската унија од кога било и ова е резултат на нашата визија, посветеност и желба за просперитетна иднина. Возот кон ЕУ нема да запре и силно верувам дека следната година ќе ги надминеме блокадите кои ги создава опозицијата. Верувам затоа што знам дека мнозинството граѓани сакаат да завртат лист и станат дел од силното и поврзано европското семејство“, вели Османи.

Посакувајќи им на граѓаните нова година исполнета со мир, благосостојба и мигови поминати со најблиските, Османи повика на заедништво во следното поглавје за државата преку почитување на вредностите – правда, единство и просперитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy