
Османи: Вања пред една недела напишала писмо дека нејзиниот тетко е херој
Пред недела дена по предметот англиски, Вања напишала есеј дека нејзин херој е татко ѝ. Ова вечерва во интервју за Канал 5 го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Замислете која е таа трагедија, тоа предавство кое не допре сите до коска“, изјави Бујар Османи.
Тој додава дека не би влегувал во политички анализи за случајот, туку само расчистување и комфор на семејството во овие тешки моменти.

