Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи пред граѓанските организации ги презентриаше механизмите за заштита од корупција и подобра ефикасност
Македонија

Османи пред граѓанските организации ги презентриаше механизмите за заштита од корупција и подобра ефикасност

22/08/2025

AA

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ денеска пред граѓанските организации ги презентриаше механизмите за заштита од корупција и подобра ефикасност.

„Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот интерес. На дневна основа ќе се објавуваат јавни табли, каде што сите активности на општината ќе бидат прикажани со рокови, за граѓаните да бидат информирани за секоја работа што ја извршува општината. Секое барање, секое прашање на граѓанинот ќе добие одговор во рок од 48 часа. Ова е еден од најголемите проблеми за кои граѓаните се жалат со познатата изјава „општината ништо не работи“. Ќе се формираат и тимови за брзи интервенции.

Вториот сет механизми се однесува на темата борба против корупцијата. Бидејќи тоа е една од темите што го уништија и деградираа Чаир, коруптивниот начин на работа. Јавните набавки, тендерите, ќе се обработуваат и отвораат со пренос во живо пред јавноста. Граѓаните ќе можат да ја следат постапката директно, од објавата па се до изборот на компаниите. Претставници на невладините организации ќе бидат дел од тимовите во целата постапка на јавни набавки. На овој начин граѓаните и НВО ќе ги направиме чувари на јавните пари. Ќе се создаде онлајн платформа, каде што секој трошок ќе биде објавен. Кој го доделил, за што е доделен, кој го платил и кој е корисник на средствата. Ќе се вклучи вештачка интелигенција, за да се отстрани човечкиот фактор при определување на добитниците, при одлучување за конкурси, како што е во европските земји, интелигенцијата ќе може објективно да ги оцени критериумите. 

И третиот сет, „Стража на градењето“. Урбаниот хаос, покрај корупцијата и неефикасноста во работата, се трите столбови што ги оставија граѓаните разочарани, незадоволни и што целосно го деградираа Чаир. Ќе ги направиме граѓаните директни мониторинг-набљудувачи. Ќе го поставиме урбанистичкиот скенер, во реално време граѓаните ќе знаат што се гради, кој гради, дали има градежна дозвола, до кога важи градежната дозвола… сите аспекти што се поврзани со едно градење во општината. Во секоја градежна зона ќе поставиме постер со QR-код. Граѓанинот ќе помине и само со мобилен ќе го скенира QR-кодот и ќе ги добие сите информации за градбата. Ќе се воспостави телефонска линија на која анонимно граѓаните ќе пријавуваат секоја неправилност, секоја жалба, секоја бесправна градба… и општината ќе реагира со тимот за брзи интервенции. 

Ќе извршиме целосна ревизија на сите процедури за градба. По 19 октомври, Чаир ќе работи поинаку, со ефикасност, транспарентност, без корупција и со ред. Ова се револуционерните мерки што ќе го трансформираат начинот на функционирање на локалната власт, кои потоа ќе станат модел и за другите општини“, вели Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy