Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Рим: Членство во ЕУ пред 2030-та и 6 милијарди евра за наредните години
Македонија

Османи од Рим: Членство во ЕУ пред 2030-та и 6 милијарди евра за наредните години

06/02/2024

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и “Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

Во обраќањето на сесијата “Заедничка работа за забрзување на евроинтегративниот процес на Западен Балкан”, Османи нагласи дека поставувањето на јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата.

Во таа смисла, се осврна на концептот “Повеќе интеграција пред полноправно членство”, нагласувајќи дека истиот е комплементарен со Планот за раст за Западен Балкан при што, покрај подобрувањето на демократските процеси, економската и безбедносна состојба на земјите од Западен Балкан, би придонел и за значително унапредување на отпорноста и зајакнување на заедничкиот одговор кон споделените предизвици.

Заблагодарувајќи се за иницијативата на италијанските домаќини и поддршката на земјите пријатели на регионот, МНР Османи апелираше дека во дадениот геостратешки и регионален контекст потребата од стратешко размислување и делување е поголема од било кога претходно. Потребно е сите заедно да ги удвоиме нашите напори за искористиување на полниот потенцијал на она што во моментов ги имаме на располагање, но и да ја задржиме амбицијата за дополнително унапредување и забрзување на интеграцијата на среден рок. Тоа ќе вбризга свеж ентузијазам за земјите и граѓаните во регионот и ќе го подобри кредибилитетот на пристапниот процес.

Во рамки на престојот во Италија, Османи имаше средба и со новите носители на МКарта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Татко со секира нападнал син во Битола – полицијата го

20/02/2026
Македонија

СО СЕКИРА ТРГНАЛ ДА ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ СИН Приведениот 41-годишен

20/02/2026
Македонија

Македонец во Швајцарија со долг од 82.000 евра, но не

20/02/2026
Македонија

76-годишен неготинец измамен од лице за сума од 4.000 евра

20/02/2026
Македонија

ЈА УДРИЛ „ЛЕНД РОВЕР“ ДОДЕКА ТУРКАЛА ВЕЛОСИПЕД Тешко повредена 77-годишна

20/02/2026
Македонија

Канабис од Струмица, транспорт преку Свети Николе до Србија –

20/02/2026
Македонија

Нова техничка опрема за МВР: Камери, софтвери и специјални возила

20/02/2026
Македонија

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41709
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy