Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Постојаниот совет на ОБСЕ: Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да ја одржиме функционалноста на ОБСЕ
Македонија

Османи од Постојаниот совет на ОБСЕ: Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да ја одржиме функционалноста на ОБСЕ

26/09/2023

AA

На барање на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Виена се одржа вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, со засилено учество на високо ниво. Со оглед на критичните предизвици со кои се соочува Организацијата во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина, министрите за надворешни работи и други високи претставници на државите учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ, разменија мислења за актуелните прашања и предизвици.

Во фокусот на дискусиите беа прашања од круцијално значење за функционалноста на ОБСЕ: потребата од усвојување на буџетот, за именување на раководните структури и избор на Претседавач на Организацијата во 2024 г.

„И покрај тоа што влијанието на руската воена агресија против Украина предизвикува тектонски потреси во поширокиот регион на ОБСЕ, Организацијата успеа да демонстрира флексибилност и да се прилагоди на дадените околности и да продолжи да нуди поддршка и да испорачува за луѓето. Поради тоа, ние сме должни да испорачаме назад, да поддржиме и обезбедиме непречена функционалност на ОБСЕ. Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да овозможиме ОБСЕ да продолжи ефективно да го спроведува доверениот мандат”, посочи претседавачот Османи.

Во продолжение, тој презентираше конкретни предлози на Претседавањето како можни решенија за надминување на предизвиците.

„Придонесот и влијанието на нашата Организација кон процесите на мир и стабилност никогаш не смее да биде жртва на лоши толкувања и кусогледа политизација. Поимот консензус треба да биде нашата сила, а не наша слабост“, истакна Османи, повторно повикувајќи ги министрите и високите претставниците да демонстрираат силна политичка волја и конструктивност во комплексниот момент во кој се наоѓа Организацијата.

Како Претседавање, остануваме посветени на ОБСЕ и ќе продолжиме да работиме на изнаоѓање решенија во поддршка на функционалноста на организацијата, заклучи претседавачот Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на

22/02/2026
Македонија

Пожар избувна во куќа во Битола

22/02/2026
Македонија

ДУШАН АДАМОВИЌ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ДА БИДЕ КОНЗУЛ Од ВМРО-ДПМНЕ

22/02/2026
Македонија

Ноќна акција на полицијата: Приведени 18 лица низ државата

22/02/2026
Македонија

Товарно возило удри во пешак во Струга, 70-годишна жена почина

22/02/2026
Македонија

Финансиска претпазливост: Што треба да знаете пред да земете брз

22/02/2026
Македонија

Од утре стабилно време, во вторник можен локален дожд

22/02/2026
Македонија

Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41773
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на поранешен полициски инспектор

22/02/2026

Синоќа во Струмица гореле два автомобила паркирани едно до друго. Полицијата соопшти дека прво  било опожарено патничко возило „ланд ровер”

Пожар избувна во куќа во Битола

22/02/2026

На 22.92.2026 во 01:06 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Солунска” во Битола настанал пожар во куќа.

ДУШАН АДАМОВИЌ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ДА БИДЕ КОНЗУЛ Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека него го предложил

22/02/2026

Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy