Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: ОБСЕ ќе продолжи да поддржува проекти кои ја зајакнуваат довербата помеѓу заедниците
Македонија

Османи: ОБСЕ ќе продолжи да поддржува проекти кои ја зајакнуваат довербата помеѓу заедниците

13/05/2023

AA

Локалните лидери кои на прво место ги ставаат граѓаните и се посветени на сите заедници во општеството секогаш ќе ја добиваат поддршката од ОБСЕ за спроведување на значајни проекти.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на средбата со градоначалникот на општина Јабланица во Босна и Херцеговина, Дамир Шабановиќ.

„Проектите кои ја зајакнуваат довербата и кохезијата помеѓу заедниците и создаваат средина подготвена за вистинско помирување, каков што е „Можеме подобро“ Квартет проектот поддржан од ОБСЕ, се доказ дека овој регион може да создаде успешни приказни“, рече Османи во Јабланица.

Османи на средбата со Шабановиќ истакна дека е важно локалната власт да соработува со граѓанскиот сектор и да поттикнува поголема позитивна интеракција помеѓу заедниците, а поделбите и национализмот да бидат минато.

„Планираното реновирање на касарната којашто треба да прерасне во центар во кој ќе можат да работат граѓанските организации и активисти е уште еден пример во која насока треба да се развиваат општините за да стимулираат поголема социјална кохезија, но и зајакнување на младинските граѓански организации и пред сè на жените“, рече Османи.

Од Јабланица, Претседавачот со ОБСЕ Османи посетата на БиХ ја продолжи во Мостар каде што оствари средба со градоначалникот Марио Кодриќ и Претседателот на Советот Салем Мариќ.

„Поттикнување на соживот и толеранција помеѓу сите политички, верски и социјални лидери во Мостар, како и прифаќање на различниот етнички и религиозен состав на заедницата ќе му овозможи на градот да се развива, пред сè економски, и да го искористи својот огромен потенцијал за туризам, особено имајќи предвид дека олицетворение на Мостар е настанот „Отворен Град Фест“ кој успева да собере и по 20.000 посетители“, рече Османи.

Во Мостар, Османи се сретна и со претставници на граѓански организации кои работат на борба против трговијата со луѓе, родовото насилство, корупцијата, како и на заштита на ранливите групи и на животната средина.

За време на посета на Мостар, Османи му оддаде почит на поранешниот Претседател Борис Трајковски и положи цвеќе на спомен-обележјето во негова чест на местото на авионската несреќата во Ротимље, каде во 2004 година загинаа Трајковски и осум членови на делегацијата и екипажот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy