Османи: Не можев да чекам завршување на истрагата кога ја видов загриженоста на родителите на Пендиков
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на пратенички прашања во Собранието истакна дека ќе се бранат државните интереси во однос со проблемите со Бугарија кои се актуелни во последните денови.
Тој додава дека не можел да чека завршување на истрагата откако ја видел загриженоста на родителите на натепаниот секретар на бугарскиот клуб, Христијан Пендиков.
„Сезоната на политички профитери е почната и секој на вакви теми ќе се обиде да го изгради својот наратив. Ние треба да го зачуваме тој интегритет и имиџ. Во Северна Македонија нема дискриминација кон одредена заедница. Затоа, тоа одење во Софија го затвори тој случај. Така треба да продолжиме. Да изградиме стратегија за зачувување на државните интереси“, рече Османи.