Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС
Македонија

Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

08/06/2023

AA

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на Државниот секретар на САД, Антони Блинкен и Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

„Северна Македонија како дел од Коалицијата но и како актуелен претседавач на ОБСЕ е целосно посветена на борбата против тероризмот и превнцијата од насилниот екстремизам, што се и важен дел од анти-терористичките активности на ОБСЕ. Северна Македонија како мултиетничка и мултикултурна демократија, која негува култура на заеднички со-живот придава особено значење на борбата против тероризмот преку донесените национални стратегии за борбата против тероризам и акциските планови во кои се содржани мерките и активностите што се преземаат на национално ниво“, истакна Османи.

Во своето обраќање, министерот Османи ја потенцираше потребата од сеопфатни и координирани активности како одговор на предизвиците што се уште постојат на Блискиот исток, Африка и Централна Азија и покрај значителниот прогрес постигнат во борбата против ИСИС од страна на Коалицијата и ја реафирмираше посветеноста на земјата да продолжи со справување со сите безбедностите предизвици, вклучувајќи ја борбата против ИЗИС и сите терористички организации преку тесна соработка со меѓународната заедница и со соседните земји.

На маргините на состанокот на Коалицијата, МНР Османи имаше одвоени средби со: Државниот секретар на САД Антони Блинкен и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Белгија и Кипар, Фаисал бин Фархан Ал-Сауд, Хаџа Лабиб и Константинос Комбос, како и други високи претставници.

Инаку, на овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ИСИС учествуваа 73 претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy