Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, да не ја пропуштиме шансата за стартување на последната фаза пред членство во ЕУ
Македонија

Османи: Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, да не ја пропуштиме шансата за стартување на последната фаза пред членство во ЕУ

14/04/2023

AA

Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, но и лепакот за различните наративи кои живеат во оваа држава и ги држи заедно во една сплотена приказна, а прашањето на уставни измени поврзани со европскиот процес се суштинска и неповторлива шанса за да влеземе во последната фаза пред членство во Европската Унија, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Не сум сигурен дека ако ја пропуштиме оваа шанса нема да ги направиме истите уставни измени меѓутоа повторно после 10 или 15 години откако уште половина милион народ ќе отиде од државата и ќе се изгуби надежта за европска перспектива со сите последици што ги има, рече Османи во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата со шпанскиот колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје.


Како што потенцира, сите последици ќе ги трпиме зашто некои политичари пресметале дека ќе добијат еден глас повеќе на избори.

-Тоа го видовме со прашањето со името, а дали ќе дозволиме и втор пат тоа е прашање за кое треба да одлучиме сите. Поради геополитичките околности предвидувам дека ќе се овозможи забрзана патека за Балканот поради договорот Србија – Косово. Тоа го потврдуваат сите – дека има сериозно разбирање за важноста Балканот да се консолидира. Ако ја пропуштиме шансата и влеземе во состојба на изолација ние нема да може да се вклучиме на таа брза патека, туку ќе чекаме да созрее идејата и после декада и повеќе да седнеме и да ги направиме истите уставни измени, но после изгубени многу години заради политичари на кои им е важно како ќе поминат на следните избори и воопшто не им е важен интересот на граѓаните и на државата, посочи Османи.


Истакна дека Бугарите можат да влезат во македонскиот Устав само како дел од бугарскиот народ и никако поинаку.

-Мислам дека се уште има можност и шанса опозициските партии да бидат дел од процесот на уставни измени затоа што овој момент е неповторлив. И пред 15 до 20 години некој велеше ова е неповторлива шанса кога имаше обиди да се направи договор за името со Грција. Навистина ова е шанса која е неповторлива затоа што изгубивме 20 години, изгубивме цели генерации и ја изгубивме шансата да бидеме во пакет со Словенија и Хрватска во Европската Унија зашто заедно почнавме. Ние неколку месеци пред Хрватска потпишавме Договор за стабилизација и асоцијација. Но, исто и тогаш политичари кои не размислуваа за идните генерации, туку за идните избори не доведоа до ситуација да имаме договор со Грција, меѓутоа возот да е отиден. Тоа ќе ни се случи и сега доколку не научиме од лекциите од минатото, порача Османи.


Ако се чесни политичките партии кои имаат идеи и објективни предлози за промена на Уставот, нагласи, тие треба да бидат дел од процесот за уставни измени инаку ќе се сфати дека е игра со граѓаните.

-Сметам дека е важно дебатата за уставни измени да биде во комисијата, а не во јавноста, бидејќи се губи целта на таа дебата. Треба да предложат членови во комисијата за таму да ги претстават своите идеи. Ако има расположение кое ќе го помогне процесот на уставни измени поврзани со европската рамка добро, ако гледаме дека ќе се користат само како алиби за да се блокира процесот, лично како министер за надворешни работи мислам дека треба да сме внимателни, посочи Османи.

Имам предлог, но не сакам да бидам дел од комисијата каде се даваат предлозите според него не е опција.

-Ако зборувате со граѓаните и им кажете имам одредена идеја по однос на уставните измени, но не сакам да учествувам во процесот кој е предвиден за уставните измени давате порака дека целта ви е да правите политика да се обидете да добиете партиски и политички поени, но немате намера или да ги спречите или, пак, да ги помогнете уставните измени. Напротив ваша цел е вашиот партиски интерес, следните избори. Токму тоа е точната дефиниција на таквиот пристап – имаме идеја, имаме желба, меѓутоа не сакаме да бидеме дел од процесот, потенцира Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42431
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

  Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy