Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ослободен полицаецот што ја уби имигрантката Фатмата Камара
Магазин

Ослободен полицаецот што ја уби имигрантката Фатмата Камара

11/07/2024

AA

Полицаецот Игор Марков, кој лани пролетта смртно ја рани мигрантката Фатмата Камара додека со уште тројца мигранти се обидувала да влезе во Македонија кај Гевгелија, е ослободен од обвинение. Причината за ваквата одлука е што Марков пиштолот што го извадил додека бил нападнат од едниот од криумчарите и не сакајќи ја погодил несреќната имигрантка.Практично,  по изведените докази и сведочења, советот предводен од судијата Ненад Савески од Кривичниот суд Скопје, не најде кривично дело.

„Надежта за подобар живот била водилката за да се впуштат во една ваква цел полна со неизвесност. Судот изразува сочувство до присутниот сопруг Кабубака Камара и на семејството на 23-годишната Фатмата. Ова судење беше многу емотивно. Загубата на изгубениот не може ништо да ја компензира, но Судот одлуките ги носи врз основа на Уставот и законот и врз база на поднесените докази”, кажа судијата Савески.

Фатмата Мансараи Камара од Сиера Леоне седела зад совозачкото седиште на криумчарите. Вкупно во тоа возило биле четворица мигранти. Инцидентот се случи рано наутро на 19 април април оваа година во местото Стара касарна кај Гевгелија. При рација за спречување на криумчарење мигранти, полицајците затекнале двајца криумчари и повеќе мигранти. Обвинетиот инспектор го извадил пиштолот и со викање ги предупредувал присутните да застанат. Еден од криумчарите, пак, му се свртел ненадејно и се обидел да му го земе пиштолот, по што почнале да се борат. При борењето едниот од криумчарите го фатил Марков во вратот. При борењето пиштолот истрелал и фатално ја погодил Фатмата која била во автомобилот на криумчарите.

Криумчарите по признание на вина за дело „Криумчарење на мигранти“, беа осудени на по една година затвор.

Судијата странките ги упати на правото на жалба пред повисокиот суд, а оштетените на граѓански спор, за евентуално обесштетување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
Македонија

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи

25/11/2026
Македонија

📽️ 📷 75 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ И ПОЕВТИН РОАМИНГ СО

25/11/2026
Македонија

И НОЌЕ СЕ АСФАЛТИРА АВТОПАТОТ ДО БОГОРОДИЦА Николоски најави модерен

25/11/2026
Македонија

СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата приведе 21-годишен жител на Струмица

25/11/2026
Македонија

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата

25/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46933
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ 44 Тошковски најави построг институционален

25/11/2026

Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави телефонска линија за жртвите

25/11/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе отвори телефонска линија преку која жртвите на семејно насилство ќе можат

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи во западна Македонија, температурите ќе

25/11/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во текот на наредните денови. Најмногу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy