
ЈОРДАН И ЕУ ПОТПИШАА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО: Што ќе значи тоа во пракса?
Јордан и Европската Унија(ЕУ) потпишаа Стратешко и сеопфатно партнерство.
Кралот Абдула Втори денеска во Брисел потпиша Стратешко и сеопфатно партнерство со Европска Унија.
Стратешкото и сеопфатно партнерство се фокусира на три главни цели: поддршка на стабилноста на Јордан, придонес во политичката, економската и административната визија за модернизација на кралот Абдула Втори и поттикнување на економската отпорност.
„ЕУ вети финансиски и инвестициска помош за Јордан во висина од три милијарди евра поради предизвиците во Блиски Исток“, изјави претседателската на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
Партнерство е поддржано со финансиски и инвестициски пакет за 2025-2027 година.
foto freepik.com