Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски обвини за долг од 300 милиони евра, Арсовска му врати: „Лажеш!“ Обвинителството го повика градоначалникот да пријави докази
Македонија

Ѓорѓиевски обвини за долг од 300 милиони евра, Арсовска му врати: „Лажеш!“ Обвинителството го повика градоначалникот да пријави докази

11/11/2025

AA

Транзицијата на власта во Град Скопје е проследена со тешки меѓусебни обвинувања, откако новиот и поранешниот градоначалник се судрија околу финансиската состојба и долговите на градот. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски тврди дека затекнал долг од над 300 милиони евра, додека неговата претходничка Данела Арсовска го обвинува за лажење и политички реваншизам.

Во јавната пресметка се вклучи и Јавното обвинителство, кое го повика Ѓорѓиевски да достави докази доколку се сомнева на злоупотреби.

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е соочен со поголем предизвик од очекуваното, посочувајќи дека реалниот долг на градот и јавните претпријатија драстично ги надминува неговите првични проценки.

„Можеби предизвикот ми е поголем од тоа што мислев пред изборите поврзан со долгот, јас очекував долгот на Градот да биде околу 200 милиони евра, но со јавните претпријатија по нашите пресметки излегоа дека над 300 милиони евра ќе биде вкупниот долг, вака ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик како што споменав“, изјави Ѓорѓиевски.

Во телевизиско гостување за Сител синоќа, Ѓорѓиевски рече и дека отпуштил 500 вработени од јавните претпријатија затоа што со месеци, дури и години, не оделе на работа, а земале плата.

Реагираше поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Таа преку објава на Фејсбук го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави сите податоци со кои располага, обвинувајќи го за изнесување лаги и спроведување партиски вработувања.

„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.“

По јавните прозивки на градоначалникот Ѓорѓиевски дека Јавното обвинителство треба да постапува „по допрен глас“ за состојбите во градот, се огласи и Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Тој го потсети градоначалникот дека доколку поседува докази за криминал, негова обврска е да ги пријави во надлежните институции, а не само да зборува во јавноста.

„Во однос на изјавите на градоначалникот дека ЈО треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен тоа може да го пријави на надлежните органи, а тоа е МВР и да ги донесе тие документи евентуално во ЈО. Досега ЈО така постапувало што значи дека ќе постапува и понатаму и доколку навистина има злоупотреби ние нема проблем, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАНАСИЈЕВСКИ: Крај за потчинувачката надворешна политика, Владата бара цврсти гаранции

30/05/2026
Македонија

СТАТИСТИКА ЗА КРИМИНАЛИТЕТОТ: Расте бројот на пријавени кривични дела, но

30/05/2026
Македонија

Томовски: Нов голем владин авион е реална потреба, а не

30/05/2026
Македонија

Државниот протокол се крпи со возила собрани од екс-претседатели и

30/05/2026
Македонија

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022,

29/05/2026
Македонија

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами

29/05/2026
Македонија

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на

29/05/2026
Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43535
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАНАСИЈЕВСКИ: Крај за потчинувачката надворешна политика, Владата бара цврсти гаранции од ЕУ и Бугарија

30/05/2026

Македонија веќе не води потчинувачка надворешна политика „со главата во ѕид“, туку пред меѓународната заедница настапува достоинствено и со силни

СТАТИСТИКА ЗА КРИМИНАЛИТЕТОТ: Расте бројот на пријавени кривични дела, но паѓа бројот на осудени лица

30/05/2026

Во текот на 2025 година е забележан парадоксален тренд во домашниот правосуден систем – бројот на пријавени полнолетни сторители на

Томовски: Нов голем владин авион е реална потреба, а не луксуз!

30/05/2026

Набавката на нов владин авион и итното обновување на државниот возен парк се клучни инструменти за нормално функционирање на институциите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy