Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, млад борец кој испиша историја!
Македонија

Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, млад борец кој испиша историја!

20/02/2025

AA

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со Марко Трајановски, младиот македонски борец кој испиша историја како прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА.

Шеснаесетгодишниот талент од Драчево, на ЕП во Белград, Србија, се натпреваруваше во категоријата до 83,9 килограми, каде што редеше победи против ривали од Бугарија, Романија, Украина, а во финалето извојува триумф против претставникот на Италија.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази огромна гордост за овој успех, истакнувајќи дека ваквите резултати се инспирација за сите млади спортисти и потврда дека со посветеност и труд може да се достигнат врвни резултати.

Му честиташе на младиот шампион, посакувајќи му уште многу успеси во иднина и го информираше дека ќе му биде доделена финансиска поддршка од Општина Кисела Вода.

-Овој успех на Марко е не само личен триумф, туку и гордост за Кисела Вода и за цела Македонија. Да имаме европски шампион од нашата општина е доказ дека овде растат и се развиваат вистински спортски таленти. Како градоначалник, секогаш ќе поддржувам вакви млади и успешни поединци, бидејќи тие се најдобриот пример за следните генерации. Затоа, со големо задоволство најавувам дека Општина Кисела Вода ќе му обезбеди финансиска поддршка на Марко за неговите идни натпреварувања и се надевам дека и понатаму ќе ја претставува нашата држава на највисоко ниво-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општина Кисела Вода ќе продолжи со активна поддршка за развојот на спортот и младите таленти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
Македонија

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош

16/02/2026
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41511
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела финалната верзија ќе биде доставена

16/02/2026

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и помагал 60 годишен маж

16/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош за расчистување на куќи и

16/02/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во координација со локалните власти и населението, продолжува да интервенира по пријавите за поплави

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy