Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Маврово и Ростуше одвои 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, прогласи и денови на жалост
Македонија

Општина Маврово и Ростуше одвои 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, прогласи и денови на жалост

07/02/2023

AA

Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, по барање на градоначалникот Медат Куртовски, Советот на општина Маврово и Ростуше попладнево одржа вонредна седница.

На седницата, по предлог на Куртовски, донесена е едногласно одлука да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во подрачјата погодени од земјотресот.


– Исто така едногласно беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година да се прогласуват за денови на жалост во нашата општина и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат поставени на половина копје. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Турција и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо закрепнување на сите повредени лица, велат од општината.

Жителите на оваа општина хуманоста ја демонстрираат на дело. На неколку пункта уште од вчера веќе се собира хуманитарна помош.


Општина Маврово и Ростуше и претходно, во рамки на своите можности, веќе ја има покажано хуманоста на дело.

На 31 јануари пред две години Советот донесе одлука за финансиска помош во износ од 310.000 денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во градот Елазит, Турција.


Општината се солидаризираше и со настраданите во катастрофалниот земјотрес што на 26 ноември 2019 година ја погоди Албанија, издвојувајќи финансиска помош во вредност од 180.000 денари.

Седумдневна жалост, вчера на вонредна седница, прогласи општина Центар Жупа, каде советот на општината утре на вонредна седница ќе одлучи за висината на финансиката помош за настраданите во Турција и Сирија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН

26/01/2026
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
Македонија

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за

26/01/2026
Македонија

Еден си чувал дрога во кофа во кафуле, а друг

26/01/2026
Македонија

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40651
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа заладување

26/01/2026

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени земјоделски насади

26/01/2026

Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион. Најкритично е во селото Костурино, на местото викано „Шепово“,

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН БАЛКАНОТ Освен превозниците, проблем се

26/01/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Европската унија активно се комуницира за решение за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy