Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКТА го исчисти „Пуцко петрол“, а „Хеленик петролеум“ плаќа фер цена на малите акционери, 100 евра за акција!
Економија

ОКТА го исчисти „Пуцко петрол“, а „Хеленик петролеум“ плаќа фер цена на малите акционери, 100 евра за акција!

30/07/2024

AA

Доминантниот акционер во ОКТА, грчката државна компанија ЕЛ.П.ЕТ покажа исклучително високо ниво на корпоративна одговорност спрема малите акционери – домашни физички лица кои ги има над 1.200 . Секој од ниво што продаваше акции деновите наплати по речиси 100 евра за акција. Тоа е за 64 отсто повеќе од најниската годишна цена која изнесуваше 60 евра за акција

Најголемиот акционер во скопска ОКТА, грчката државна нафтена компанија ЕЛ.П.ЕТ (поранешен „Хеленик петролеум н.з.) плаќа фер цена на малите акционери кои продаваат акции од ОКТА.

Според последната објава на Македонската берза ЕЛ.П.ЕТ откупи речиси 20.000 акции по пазарна цена од речиси 100 евра во класично тргување на Официјалниот пазар на берзата.

Во два трговски дена (24 и 25 јули) беа истргувани нешто над 20.000 акции, а од нив ЕЛ.П.ЕТ купи дури 19.573 акции. Просечната пазарна по која ЕЛ.П.ЕТ ги купи акциите е 5.900 денари за акција. Историски гледано, од аспект на постигнатите пазарни цени, ова е висока цена и е во корист на малите акционери – претежно домашни физички лица. Затоа што е за нијанса пониска од највисоката цена постигната во период од една година која изнесува 6.109 денари. Само за споредба, најниската годишна цена за таа акција годинава била 3.645 денари.

Голема е веројатноста дека „Пуцко петрол“ повеќе не е акционер во скопска ОКТА. Како што веќе Фактор пишуваше, а берзата потврди „Пуцко петрол“ пред неполни две седмици продаде голем дел од своите акции, а купувач беше токму ОКТА. Тие акци завршија во сопствен откуп. Повеќе детали за таа купопродажба на следниот линк https://faktor.mk/eden-e-voren-bafet-od-plasnica-kako-pucko-petrol-od-alashverish-so-akcii-na-okta-za-eden-den-zaraboti-7-milioni-evra

По поплнувањето на законскиот лимит од 10 отсто во сопствен откуп акции во скопска ОКТА на берзанскиот пазар почна да купува грчкиот доминантен акционер. Со оглед на истргуваните количини голема е веројатноста дека токму „Пуцко петрол“ ги продал своите 1,29 отсто (10.941 акција) и повеќе не е акционер во ОКТА.

Вредно е да се истакне дека најголемиот акционер во ОКТА продолжи да откупува акции од малите акционери – физички лица, а ги имаше над 1.200 и на секој од нив за секоја акција да му плаќа речиси 100 евра за акција. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy