Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ разочаран по новиот неуспех: Ова е таа сезона…
Спорт

Ѓоковиќ разочаран по новиот неуспех: Ова е таа сезона…

13/04/2024

AA

И по 104 дена од 2024 година, Новак Ѓоковиќ уште го чека првиот трофеј, а ако се земе предвид и крајот на минатата, посниот период за него изнесува безмалку пет месеци.

Шанса да ја прекине лошата серија имаше на Мастерсот во Монте Карло, прв на земјена подлога оваа сезона, но запрен е од Каспер Руд во полуфиналето. И покрај поразот, Ѓоковиќ останува прв светски рекет, но е незадоволен по новиот неуспех.

„Се разбира дека сум разочаран кога ќе загубам ваков меч. Беше тесно, честитки за Каспер, играше многу добро, особено на почетокот на првиот и третиот сет. Јас се навикнав на високи стандарди, очекувања од резултатите, така што тоа што немам титула, во споредба со последните 15 години, значи дека оваа сезона воопшто не е добро. Играв само три турнири оваа година, но ова е таа сезона во која работите не се најдобри од почетокот и се надевам дека ќе можам да се подигнам во иднина“, изјави Ѓоковиќ.

Засега не е познато дали тој ќе настапи на турнирите во Барселона и Мадрид, но се очекува да игра во Рим каде лани беше запрен во четвртфиналето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
Македонија

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски,

06/09/2026
Македонија

Шест активни пожари низ земјава, најсложен е пожарот кај Рамно

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години од дебито во Јапонија

06/09/2026

Македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, постигна уште еден голем меѓународен успех настапувајќи на 3, 4 и 5 септември

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот син

06/09/2026

На 05.09.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило залутано зрно од огнено оружје

06/09/2026

На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“- Скопје е пријавено дека кај нив со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy