Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одземени па вратени ингеренциите на градоначалникот Димитриевски за назначување на директор на градинката „Ангел Шајче“
Македонија

Одземени па вратени ингеренциите на градоначалникот Димитриевски за назначување на директор на градинката „Ангел Шајче“

05/04/2023

AA

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција обвини дека Министерството за труд и социјална политика се обидува да ги одземе ингеренциите на градоначалникот за градинката „Ангел Шајче“. Од МТСП денеска соопштија дека министерството ќе ја поништи одлуката за одземање на ингеренциите.
Според Димитриевски, постапката се однесувала за како што вели, изнуда за решение за назначување на според него париски директор на установата.

– Еднострано постапување од нивна страна, спротивно од Законот и заложбите за децентрализација на власта. Јас како градоначалник, без претходно извршен инспекциски надзор од страна од инспекциски надзор добив процедурално известување на материјални недостатоци во работата на органите на општината со кое ми предочија во најкус рок од еден ден од приемот на укажувањето, рок кој не е разумен и не е предвиден со ниту еден законски пропис во државата ме задолжија како градоначалник за почнам постапка за избор на директор на ЈОУГД „Ангел Шајче“, вели Димитриевски.

Тој посочи дека е постапено во целост и на 31 март годинава било издадено решение за избор на директор, испратено до МТСП и до градинката. Тој го приложи укажувањето добиено на 30 март.
– За жал, и покрај што поставиме согласно законот и укажувањето на 3 април, ресорната министерка издава решение за одземање за вршење на соодветни надлежности, поврзани со изборна директорот, кажа Димитриевски.

Тој на прес-конференција кажа дека ова се случува по втор пат и според него се врши притисок врз градоначалник и локална самоуправа. Димитриевски смета дека се врши централизација.

Од МТСП кажаа дека одлуката ќе ја поништат, бидејќи локалната власт постапила согласно нивните укажувања. Од МТСП за МИА наведуваат дека по добиено известување од ЈОУДГ „Ангел Шајче“ Куманово дека мандатот на постојниот директор завршува заклучно со 31 мај годинава, управниот одбор на јавната установа на 01 март годинава , го известил градоначалникот да донесе одлука за објавување на оглас за избор на директор.

-Бидејќи градоначалникот не постапил по известувањето Министерството за труд и социјална политика на 27, март му достави укажување за постапување, согласно законот за заштита на децата со оглед на итноста од еден ден. Бидејќи во рокот градоначалникот не постапи беше донесена одлука за одземање на ингеренциите на ден 03.04.23 година. Следниот ден градоначалникот доставил одлука до градинката, а денес 5.04. го извести и министерството дека ја донел спорната одлука на ден 31.03.23. Бидејќи е постапено по укажувањето одлуката за одземање на ингеренциите министерството ќе ја поништи, соопшти МТСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy