
ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира Автомото сојузот на Македонија.
Оттаму апелираат до возачите да бидат внимателни на оваа делница.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека случајот е пријавен во ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, како и во оперативниот центар на МВР.
.
