Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова
Магазин

Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

25/04/2025

AA

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 km/h на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство против осомничениот Васил Јованов за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ поврзан со сообраќајката од јануари годинава што се случи на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје.

-Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, ГО ОДОБРИ обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К, стои во соопштението од Кривичен.

 

Со одобрениот обвинителен акт, како што дополнуваат, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термина за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 km/h на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

По овој случај се одржаа повеќе протести во Скопје и Неготино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ КРСТОВ БАРА ИВА МИХАИЛОВА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ЗА

10/11/2026
Македонија

ИМ ЈА УРНАЛ КУЌАТА, ГИ ОСТАВИЛ БЕЗ НОВА Кумановски сопружници

10/11/2026
Македонија

ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ОДИ НА МИСЛЕЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА

10/11/2026
Македонија

ВЛЕГОЛ КАЈ ДЕКАНОТ И ОСТАВИЛ ПИСМЕНА ЗАКАНА Поранешен студент од

10/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ЗА СООБРАЌАЈНА БЕЗБЕДНОСТ „Безбеден град“ ги

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46700
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА Дополнителни 60 милиони евра за

10/11/2026

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година.

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство до народот на Бугарија за

10/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство на буарската претседателка Илијана Јотова за сообраќајната несреќа во Бугарија, во која според последните

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО 3,50 ПРОМИЛИ Битолчанец доби 8

10/11/2026

Двапати во рок од два дена полицијата го затекнала истиот 29-годишен битолчанец како управува автомобил под дејство на алкохол. И

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy