Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
Магазин

Одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче

26/07/2024

AA

Основниот кривичен суд Скопје го одложи започнувањето на предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Како што денеска информираа од Кривичниот суд, одлагањето на расправата, што беше закажана за 30 јули, е по барање на Основното јавно обвинителство Скопје кое вчера информираше дека ќе предложи спојување на постапката во која првично беа обвинети Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, со постапката против првоосомничениот Љупчо Палевски за кого истрагата заврши вчера.

– Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. Имено, со оглед на фактот дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки, стои во соопштението од Кривичен.

Оттаму дополнуваат дека имајќи го предвид добиениот предлог на Обвинителството, а заради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповикал наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а Судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за отпочнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Од Обвинителството вчера информираа дека е завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СПАСЕНА МЕЧКА ВО ВЕЛЕШКО, СЕ ФАТИЛА ВО НЕЛЕГАЛНА СТАПИЦА Ветеринар

19/10/2026
Македонија

3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите

19/10/2026
Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби

19/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да

19/10/2026
Македонија

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за

19/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел

19/10/2026
Македонија

СДСМ СО ФИЛИПЧЕ СЕ БЕТОНИРАШЕ КАКО ПЕТТА ПАРТИЈА ВО СКОПЈЕ

19/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46252
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СПАСЕНА МЕЧКА ВО ВЕЛЕШКО, СЕ ФАТИЛА ВО НЕЛЕГАЛНА СТАПИЦА Ветеринар ја успал за да ја

19/10/2026

Кафеава мечка стара околу 3 години беше спасена откако била фатена во нелегално поставена метална сајла во месноста Чеплес, на

3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите на Зегин, Моја аптека и

19/10/2026

Корпорацијата Зегин доби три признанија во рамките на проектот „Бизнис лидер“, со кој се истакнуваат деловните резултати и придонесот на

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби возеле со 169 и 175

19/10/2026

Двајца српски државјани се лишени од слобода откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возачи кои на автопатот А1, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy