Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одличен старт во АБА2: Историска победа на Пелистер во Битола (ФОТО)
Спорт

Одличен старт во АБА2: Историска победа на Пелистер во Битола (ФОТО)

01/10/2024

AA

Кошаркарите на Пелистер остварија историска победа во вечерашната пресметка на домашен терен против Широки (74-72), со оглед што тоа беше нивни прв триумф во меѓународна пресметка во Битола.

За македонскиот вицешампион ова е четврта сезона во второлигашкото регионално натпреварување, но прв меч во салата „Бори Чурловски“ бидејќи првите три учества беше според турнирски систем и без пресметки пред своите навивачи. Тоа беше тврд и до крај неизвесен натпревар, кој зелено-белите го почнаа со девет поени во низа како најава на крајниот епилог. Противникот во финишот на првата четвртина на момент ја презеде контролата, но битолчани брзо се освестија и дојдоа до плус девет (34-25), што беше нивно најголемо водство во првиот дел. Домаќинот во третиот перид само ја одржуваше позитивата, за на почетокот на последните десет минути со серија 15-4 дојде до огромни плус 13 (67-54) како потврда на стартната победа во АБА2.

Американецот Брајан Ентоан со 16 поени беше најпрецизен кај Пелистер, додека веднаш зад него беше српскиот интернационалец Никола Мишковиќ со 13 поени и 11 скока. Јан Ребец со 27 поени беше убедливо најдобар кај гостите од БиХ.

Претходно во првата рунда од ова натпреварување, МЗТ Скопје лесно го совлада Теодо (68-50), додека Работнички на домашен терен загуби од Сутјеска (58-71). Во следното коло, Работнички ѝ гостува на Војводина (8 октомври), МЗТ ѝ гостува на Цедевита јуниор (10 октомври) додека Пелистер ѝ оди на мегдан на Подгорица (15 октомври).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46778
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле

15/11/2026

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy