Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележана годишнината од ослободување на тетовското Кале во 2001
Македонија

Одбележана годишнината од ослободување на тетовското Кале во 2001

26/03/2023

AA

Пред Споменикот на бранителите во паркот „Жена борец” во Скопје денеска беа одбележани 22 години од оружените борби со кои македонските безбедносни сили утрото на 25 март 2001 го ослободија тетовското Кале запоседнато од ОНА (УЧК).

Чествувањето го организираше партијата Достоинство. Венци и цвеќе пред Споменикот положија претставници од Кабинет на Претседателот на Северна Македонија и од Владата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегации на политички партии.

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, изјави дека тоа била „чиста и неспорна воена победа на македонските безбедносни сили“ во која, како што рече, иако борбите биле жестоки, немаше ни еден загинат бранител.

-Македонската армија и полиција под единствена команда на генералот Панде Петровски рано утрото на 25 март 2001 година почна силен координиран напад врз позициите на ОНА во Тетовскиот Регион, вклучително и на тетовското Кале. Во нападот беа употребени борбени хеликоптери, различни видови артилериски средства, како и армиската и полициската специјална единица „Волци“ и „Тигри“, плус единици составени од професионални војници, како и припадници на резервниот армиски и полициски состав. Во текот на ноќта 25/26 март 2001 година, Калето беше исчистено од припадниците на УЧК и целосно ослободено. Истиот и следните денови исчистени од УЧК беа и повеќето шарпланински села, истакна Ангелов.

Од денешен аспект, како што рече, можеби било и подобро што конфликот кој влегол во напредна фаза бил „пресечен и сопрен“ зашто постоела опасност да прерасне во крвава меѓуетничка војна со многу жртви. Во оружените дејства во 2001, рече Ангелов, загинале 70-ина бранители, а повеќе од 300 биле повредени.

Според него, државата се грижи делумно за воените инвалиди и за семејствата на загинати бранители, но дека тоа не е доволно и, рече, не е однос што го заслужуваат македонските бранители.

-Петнаесетина семејства на загинати бранители и триесетина полесно ранети бранители до ден-денес се уште не се обесштетни… Посебен случај се припадниците на резервниот армиски состав кои не добија никаква благодарност од државата, изјави Ангелов.

На настанот присуствуваше Ацо Стојановски, воен инвалид од 2001, кој пред медиумите реагираше дека е меѓу воените инвалиди што не се обесштетени и дека се заборавени од државата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Ковачки, кој како припадник на специјалната армиска единица „Волци“ учествувал во борбата за Калето во Тетово, соопшти дека оваа недела нивната пратеничка група ќе поднесе Предлог за измени на Законот за бранители, со цел обесштетување на семејствата на загинати и на инвалидите.

Ангелов додаде дека и Достоинство подготвува ист таков закон кој е во завршни подготовки за да се предложи во Собрание.

За нас во Достоинство е ирелевантно дали ние ќе ја поднесеме иницијативата или ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог-закон за измена на Законот за бранители. Крајно време е да се реши овој горлив проблем. Не се работи за многу пари. Постои расположение и кај пратениците од владејачката СДСМ и коалицијата и кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Ангелов.

Во оваа пригода тој информирање и дека ќе почне снимање на серија „Воена раскази“ во продукција на Достоинство, во кои бранители од 2001 во епизоди ќе сведочат за настани во кои учествувале.

Одбележувањето на годишнината почна со пеење на државната химна и едноминутно молчење за оддавање почит на сите бранители кои во 2001 загинаа во одбрана на државата.

Беа прочитани и цитати од книгата „Сведоштва 2001“ на генерал Панде Петровски, во тоа време заменик-началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy